ВОЛЦИТЕ ВО ЧЕРНОБИЛ СТАНАЛЕ ОТПОРНИ НА РАДИЈАЦИЈА Откриена мутација која може да ја спречи појавата на рак

Имунитетот на волците се сменил слично како што се менува кај пациентите заболени од рак додека се на терапија со зрачење. Кај нив, мутацијата се случила и кај варијанта на еден конкретен ген (БРЦА), кој и во испитувањата на луѓе се покажал како важен за спречување рак на гради или рак на јајници.

1,467

Имуниот систем на волците кои живеат околу некогашната нуклеарна електрана Чернобил се сменил, објаснува д-р Кара Лов од универзитетот „Принстон“. Иако 35 години подоцна сѐ уште е забранет влез на луѓе, некогашната флора и фауна е сосем вратена, но со видливи мутации.

Д-р Лов ги проучувала волците од 2014 година, ги следела нивните локации и нивната изложеност на радијација. Со помош на околувратници нејзината екипа го следела движењето на волците во оваа зона. Тие добивале резултати во реално време за локацијата на волците и за степенот на радијација на кој се изложени.






Земале и примероци на крв од волците за да утврдат како нивните тела реагираат на канцерогената радијација. Волците кои ги следеле биле изложени на 11,25 милирем радијација на ден во текот на целиот свој живот, што е над 6 пати од дозволената граница за луѓе.

Имунитетот на волците се сменил слично како што се менува кај пациентите заболени од рак додека се на терапија со зрачење. Кај нив, мутацијата се случила и кај варијанта на еден конкретен ген (БРЦА), кој и во испитувањата на луѓе се покажал како важен за спречување рак на гради или рак на јајници.

Пандемијата на корона вирусот и војната во Украина ги спречиле Лов и нејзините соработници да се вратат во Чернобил. Не се знае дали и кога би можеле да се вратат таму.

Новото истражување e претставено минатиот месец на годишен состанок на Друштвото за интегративна и компаративна биологија во Сиетл, Вашингтон.

Поврзани содржини