БРЗИ, БЕСНИ И… ИЗДРОГИРАНИ Ајкули на брегот на Бразил позитивни на кокаин
Биолозите тестирале 13 ајкули од крајбрежните води во близина на Рио де Жанеиро и откриле дека сите единки имаат високо ниво на кокаин во мускулите и во црниот дроб.
Тестирањето на ајкулите во близина на брегот на Бразил открило дека тие се позитивни на кокаин. Научниците стравуваат дека тоа ќе доведе до промена во нивното однесување.
Биолозите тестирале 13 ајкули од крајбрежните води во близина на Рио де Жанеиро и откриле дека сите единки имаат високо ниво на кокаин во мускулите и во црниот дроб, пишува британски Телеграф.
Во труд за списанието „Science of the Total Environment“, тие рекоа дека дрогата најверојатно потекнува од одводи од недозволени лаборатории каде што се произведува кокаинот за употреба или од измет на корисници на дрога, преку канализација.
Можеби дури и доаѓа од големи количини кокаин што шверцерите ги изгубиле или ги фрлиле, но тоа е помалку веројатно, велат научниците.
Откриените концентрации на кокаин се до 100 пати повисоки од оние претходно откриени кај други морски животни.