ВО ЗИМА СОНУВААТ ЗА РОДНОТО СЕЛО, ВО ЛЕТО МУ СЕ ВРАЌААТ СО ЛАСТОВИЧКИТЕ Тие се активни пензионери кои во Вишни пречекуваат странски туристи
Во зима сонуваме за Вишни и чекаме пролет, да си дојдат ластовиците и ние со нив. Во лето сме тука, собираме печурки и чаеви, а од пред извесно време пречекуваме и туристи кои во својата агенда ја имаат и посетата на нашето село, велат нашите соговорници Роза и Борис Ѓоргоски кои не пречекаа во своето дворче во Вишни, токму навреме за да видиме што е тоа со што ги привлекле странските туристи.
Роза и Борис Ѓоргоски се родени вишненци и се знаат целиот живот.
Кога растеле, во нивното Вишни имало училиште во кое децата учеле од прво до четврто одделение, а потоа продолжувале во најблискиот град – Струга.
Но, Роза која е родена во 1954 година, е и претпоследна генерација која одела во селското училиште, затоа што потоа, поради недостиг на деца и воопшто, на жители во селото, школото се затворило.
Денес во селото преку цела година живеат околу 11-12 семејства, а другите доаѓаат преку викенди и во лето.
Сите се, главно, пензионери.
Младите, велат нашите соговорници, доаѓаат само за викенди и за празници.
„Кога ние растевме селото беше живо, имавме дури и наш ски-лифт, а функционираше и Пионерскиот дом „Едвард Кардељ“, па во времето на Југославија тука доаѓаа деца на скијање“, раскажува Роза и потсетува на една понова иницијатива, кога во селото дошол словенечкиот скијач Бојан Крижај, кој направил нацрт за патеката за скијање што требало да се прави заедно со жичарница, но ништо од тоа не се реализирало.
Додека учела средно стручно во Скопје, госпоѓа Роза живеела кај брат ѝ, а потоа, кога се омажила за Борис кој бил воено лице, до распадот на Југославија живееле во Риека, во Хрватска.
Целиот текст прочитајте го на „Арт кујна“.