ВО ЗАГРЕБ ВОЗИ ПРВИОТ ЕВРОПСКИ РОБОТАКСИ Зад проектот стои кој друг ако не – Мате Римац!

Иако возилата се управуваат со вештачка интелигенција, во нив сè уште има оператор – човек зад воланот кој ја надгледува возењето. Европските правила каскаат зад технологијата.

137

Загреб стана првиот град во Европа каде што започна да функционира комерцијална услуга со роботакси, отворајќи ново поглавје во историјстс на урбаната мобилност.

Услугата ја развива компанијата Verne, поврзана со Мате Римац, а засега може да ја користат само граѓани кои претходно се пријавиле на листа на чекање.






Иако возилата се управуваат со вештачка интелигенција, во нив сè уште има оператор – човек зад воланот кој го надгледува возењето. Причината е регулативата во Европската Унија, која не дозволува целосно автономно возење без човечки надзор.

Во првата фаза, роботаксито сообраќа во поширокиот центар на градот и кон аеродромот, а цената на возењето е промотивна – околу 2 евра.

Проектот веќе го позиционира Загреб рамо до рамо со градови како Лос Анџелес или неколку кинески метрополи, каде вакви услуги веќе постојат. Технологијата се базира на напредни автономни системи, развиени во соработка со компании како Pony.ai и Uber, а планот е услугата во иднина да се прошири и во други европски градови.

Сепак, не сите се воодушевени. Дел од експертите предупредуваат дека брзото воведување на ваква технологија носи ризици, особено кога станува збор за одговорност во случај на несреќи. „Другите држави не беа толку ‘глупи’ или бавни – туку внимателни“, оценуваат критичарите, укажувајќи дека правните и безбедносните прашања сè уште не се целосно решени.

И покрај скепсата, роботаксито веќе е реалност на улиците на Загреб. Засега со човек во кабината, но со јасна амбиција – во блиска иднина возилата да станат целосно автономни и да го променат начинот на кој се движиме низ градовите.

Поврзани содржини