ВО УРНАТИНИТЕ ПРОНАЈДЕНИ И 16 ТЕЛА НА МЛАДИ ОДБОЈКАРИ И ОДБОЈКАРКИ Смртта ги затекна во хотел седумкатница
Спасувачите во Турција пронашле 16 тела на ученици одбојкари од хотелот „Исијас“ во Адијаман, соопштија официјални лица во северен Кипар, кој е под турска контрола.
Група од 39 луѓе, вклучително и тимови момчиња и девојки, биле во зградата кога се урнала во земјотресите во кои загинаа илјадници луѓе во јужна Турција и во северна Сирија.
Спортистите отпатувале во Адијаман од турскиот колеџ Маариф Фамагуста, придружувани од наставници и од родители.
Познато е дека четворица преживеале по падот на седумкатницата, откако наводно успеале самите да побегнат од урнатините.
Засега официјално е потврдено дека настрадале 19 лица во разурнатиот хотел.