ВО ЈУГОСЛАВИЈА ВЛАДЕЕШЕ КОМУНИЗАМ, ЦЕЛОСНО РАЗЛИЧЕН СВЕТ Ибрахимовиќ отворено зборува за своето тешко детство и за смртта на својот брат

Мојот брат ме чекаше и престана да дише пред мои очи. Го погребавме по муслимански обреди, мојот татко не пушти ни солза. Но, другиот ден отиде сам на гробиштата и таму плачеше цел ден. Мојот татко беше многу строг, изјавил Златан Ибрахимовиќ во интервју за италијанскиот весник „Corriere della Sera“.

2,514

Мајка ми е католик од Хрватска, татко ми е муслиман од Босна и Херцеговина, а јас верувам само во себеси, изјавил популарниот шведски фудбалер Златан Ибрахимовиќ во интервју за реномираниот италијански весник „Corriere della Sera“.

Во интервјуто тој зборува за својата кариера, но и за својот приватен живот.






– Не верувам јас во Бог, туку верувам само во себеси. Кога си мртов, тогаш си мртов, па јас не сум сигурен дали сакам погреб или гроб, оти тоа е само место каде што ќе патат оние коишто ме сакале. Не сум суеверен и не сакам кога некој ќе ми посака среќа. Не ми треба среќа, бидејќи самиот јас одлучувам како ќе биде и што ќе биде – истакнал Ибрахимовиќ.

Тој се потсетил и на своето тешко детство и открил дека бил дете кое секогаш патело.

– Веднаш штом се родив, медицинската сестра ме испуштила од рацете од висина од еден метар и јас сум паднал на подот. Патев цел живот. Не бев како другите деца. Сите имаа руса коса и светли очи, а и мали носеви, а јас имам огромен нос и темен тен на кожата. Зборував поразлично од нив, се движев поразлично. Родителите на моите соученици потпишуваа петиција за да ме исфрлат од училишната фудбалска екипа, оти ме мразеа. Затоа имав лоши реакции. Но, подоцна научив да живеам со таа омраза и негативната енергија ја претворив во оружје – раскажал Ибра.

Тој зборувал и за војната во поранешна Југославија, односно за влијанието од војната врз неговото семејство.

– Моето прво сеќавање е поврзано со Југославија. Таму владееше комунизмот. Целосно различен свет. Кога почна војната, татко ми многу патеше. Секојдневно ни пристигнуваа весни за смрт на некој наш близок во Босна. Татко ми многу ме штитеше. Не ми дозволуваше да одам на погребот кога почина сестра му. Меѓутоа, кога брат ми почина од леукемија, тука бев. Мојот брат ме чекаше и престана да дише пред мои очи. Го погребавме по муслимански обреди, мојот татко не пушти ни солза. Но, другиот ден отиде сам на гробиштата и таму плачеше цел ден. Мојот татко беше многу строг – истакнал Ибрахимовиќ.

Поврзани содржини