ВО УЧИЛИШТАТА ИМА БУЛИНГ И ДИСКРИМИНАЦИЈА, АМА НЕ СЕ ПРИЈАВУВААТ Суровост наместо емпатија

Речиси две третини од анкетираните ученици во средните училишта во Скопје сметаат дека има врсничко насилство во нивното училиште, а околу една третина биле жртви на некоја форма на врсничко насилство во изминатата година, најчесто на социјалните мрежи, покажува истражувањето на Институтот за човекови права.

167

Од декември 2021 до февруари 2022.година, во рамки на истражувањето спроведено од Институтот за човекови права,  биле анкетирани 995 ученици и 255 наставници за  темата булинг, говор на омраза и дискриминација.

И учениците и наставниците сметаат дека говорот на омраза е најраспостранет на социјалните мрежи.






Според наодите од истражувањето кои беа презентирани на денешната конференција, мнозинството испитаници сметаат дека само мал дел од булингот се пријавува, а најмногу се случува во основно училиште. Во однос на полот, девојчињата за разлика од момчињата, сметаат дека врсничкото насилство е поприсутно во нивното училиште. Учениците сметаат дека говорот на омраза најчесто го има на социјалните мрежи и во изминатата година oколу една четвртина од нив биле изложени на некоја форма на говор на омраза.

Целиот текст прочитајте го на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини