ВО СВЕТОТ НА ТЕНИСОТ 15 прашања за актуелните ѕвезди, но и за скандали во „белиот спорт“

Овoj квиз не е само за љубителите на тенисот, туку и за сите читатели со општи познавања за актуелностите и за историјата на овој спорт. За секое од 15-те прашања имате 4 понудени одговори, од кои само 1 е точен. Кликнете на одговорот што мислите дека е точен и веднаш ќе дознаете дали сте погодиле. Потоа продолжете на следното пrашање, па на следното... На крајот ќе ви биде пресметан конечниот скор. Забавно и поучно.

898

КЛИКНИ НА ПОЛЕТО НА ЕДЕН ОД ПОНУДЕНИТЕ ОДГОВОРИ

1 / 15

Новак Ѓоковиќ се смета за водечки тенисер на денешницата. Тој е дел од т.н. „голема четворка“ најуспешни светски тенисери од 2001 година до денес. Кои други тројца се во „големата четворка“, покрај Ноле?

2 / 15

Колку АТП трофеи има освоено Новак Ѓоковиќ до сега?

3 / 15

Една жена, која тренирала повеќе југословенски тенисери, меѓу кои и Горан Иванишевиќ, прва го открила талентот на Новак Ѓоковиќ, откако го забележала на Копаоник како четиригодишно момче. Нејзиното име е:

4 / 15

Многумина го сметаат Роџер Федерер за најдобар тенисер на сите времиња. Од која земја потекнува тој?

5 / 15

Со 92 освоени АТП трофеи, Шпанецот Рафаел Надал Перера е еден од четворицата најуспешни светски тенисери во 21 век. Прекарот по кој е познат е:

6 / 15

Водечка светска тенисерка во моментов е една Белорусинка. Таа веќе има 19 ВТА трофеи и нејзината кариера е во подем. Нејзиното име е:

7 / 15

Со 107 ВТА трофеи, Германката со двојно име Стефани Марија (да не го откриваме презимето), се смета за една од најуспешните тенисерки на сите времиња. Името по кое беше позната во светот на тенисот е:

8 / 15

Нова надеж на шпанскиот тенис, роден во 2003 година. Веќе се смета за еден од водечките светски тенисери. Познат по своите дуели со многу повозрасниот и поискусен Новак Ѓоковиќ. Името на овој млад Шпанец е:

9 / 15

Со 19 АТП титули и кариера во подем, Јаник Синер се смета за еден од водечките тенисери во овој момент. Тој потекнува од:

10 / 15

Како се вика најуспешниот бугарски тенисер, единствен кој бил рангиран во првите 10 играчи на АТП листата?

11 / 15

Пласманот во финалето на ИТФ фјучрс турнирот во Опатија беше еден од врвните за најдобриот македонски тенисер по кам-бекот од тешката повреда. Неговото име е:

12 / 15

Еден американски тенисер кој се прослави во 1980-тите и освои 7 грен-слем титули, благодарејќи на својот агресивен стил, играта на мрежа и волеите, беше познат и по неговиот темперамент и по тешкото поднесување на поразите. Често се расправаше со судиите и правеше сцени на теренот. Можете ли да се сетите на неговото име?

13 / 15

Еден од најголемите скандали во историјата на овој спорт. Две сестри во 2001 година го почнаа својот подем на ВТА ранг-листата. На полуфиналниот натпревар на турнирот во Индијан Велс, сестрите требаше да играат една против друга, но едната се повлече само неколку минути пред тие да се појават на теренот. Другата сестра се пласираше во финалето, но фановите ја исвиркаа кога пристигна на теренот. Многумина се посомневаа дека татко им Ричард одлучил која од сестрите ќе оди напред. На фотографијата е жената која „победи“ на ваков начин, а потоа стана една од нејуспешните тенисерки во историјата. Тоа е:

14 / 15

Беше еден од најпознатите светски тенисери во 1990-тите, со освоени 60 АТП трофеи. Неговотo презиме потсетува на ерменското или асирското потекло на неговиот татко, иако погрешно се мисли дека има грчко потекло. Во 1997 година беше светски рекет број 1, но допинг тестот покажа дека употребувал дрога. Напиша писмо до АТП со објаснување дека некој пријател му подметнал пијачка. Неколку години по пензионирањето, тој во својата автобиографија призна дека земал кристален мет и го лажирал писмото. Името на овој тенисер е:

15 / 15

Двајца тенисери во брак? И тоа успешен? Да, го има и тоа. Најпознатиот брак во тениската историја е помеѓу тенисерот и тенисерката:

Your score is

The average score is 90%

Поврзани содржини