ВО ШПАНИЈА УАПСЕНИ КРАДЦИ СО ПЛЕН ОД 8,5 МИЛИОНИ ЕВРА! Ограбиле Руси на аеродромот во Барселона

Во украдените чанти имало часовници и накит, меѓу кои и прстен од 47 карати вреден 5 милиони долари.

410

Двајца крадци украле рачен багаж од патници на аеродромот во Барселона, со вкупна вредност од 8,5 милиони евра. Шпанската полиција со брза реакција ги уапсила крадците на вредниот багаж.

Според информациите што ги пренесуваат шпанските медиуми, во украдените чанти имало часовници и накит, меѓу кои и прстен од 47 карати вреден 5 милиони долари.






Каталонската полиција соопшти дека видеата од безбедносните камери на аеродромот им помогнале на истражителите да ги идентификуваат луѓето кои наводно вчера ги украле торбите.

Полицискиот инспектор Франсеск Гарсија изјави дека осомничените биле уапсени додека ја напуштале Барселона, а украдената стока, меѓу која и милионскиот прстен и околу 20 илјади евра во различни валути, била во багажникот на автомобилот.

Шпанските медиуми објавија дека на аеродромот биле ограбени Руси.

Поврзани содржини