ВО ПОВЕЌЕ ОД 55 ПРОЦЕНТИ ПРИМЕРОЦИ НА СПЕРМА НАЈДЕН ХЕРБИЦИД ПРОТИВ ПЛЕВЕЛ Главен виновник за машката неплодност е изложеноста на хемикалии и пластика
Серија студии покажале дека бројот на сперматозоиди кај мажите во западните земји е во постојан пад, а како главен виновник е откриена изложеноста на хемикалии и пластика. Луѓето кои се занимаваат со земјоделство имале највисоки нивоа на глифосат во спермата, а 96 отсто од фармерите вклучени во студијата ја имале оваа хемикалија во нивните тела. И пушачите имаат тенденција да имаат покачени нивоа, многу повеќе од непушачите.
Повеќе од 55 проценти од примероците на сперма од француска клиника за неплодност содржеле
високи нивоа на глифосат, најчесто користениот уништувач на плевел во светот, што повторно ги
отвора прашањата за влијанието на хемикалиите врз репродуктивното здравје и општата
безбедност.
Новото истражување исто така откри докази за дејството на хербицидите врз ДНК и корелација
помеѓу нивоата на глифосат и оксидативниот стрес во семената плазма, што укажува на значително
влијание врз плодноста, пишува Гардијан.
„Земено заедно, нашите резултати укажуваат на негативното влијание на глифосатот врз
човековото репродуктивно здравје и можното потомство“, велат авторите на студијата објавена во
списанието ScienceDirect.
Повеќе за ова прочитајте на „Мајка и дете“.