ВО ПОЛСКА НАЈДЕНО „ДЕТЕ НА ВАМПИР“ ОД 17.ВЕК Заклучено со катанец за да не стане од гробот
Коските на шест или седумгодишно дете „заклучено“ во гробот се најновото археолошко откритие на гробиштата во селото Пиен, во северна Полска, кои датираат од времето кога луѓето верувале во духови, зомби и други натприродни суштества.
Археолози во Полска откриле посмртни останки на дете од 17.век кое било врзано во гробот за да го спречат да стане од мртвите. Коските на шест или седумгодишно дете се најновото откритие на гробиштата во селото Пиен, во северна Полска, кои датираат од времето кога луѓето верувале во духови, зомби и други натприродни суштества, додека денес тие се само изговор за маскенбал.
-Ова биле гробишта за отфрлените луѓе, кои предизвикувале страв кај други луѓе по смртта, а веројатно и во текот на животот. За кои постоеле сомнежи дека се во контакт со нечисти сили, луѓе кои на некој начин се однесувале поинаку – појасни Дариуш Полински, кој на Универзитетот „Никола Коперник“ во Торун ги проучува средновековните практики на погребување.
-Детето било закопано со лицето надолу со железен катанец под левата нога, најверојатно за да го спречат да стане и да го напушти гробот за да се нахрани со живите – објаснува Полински.
Полскиот археолог истакнува дека луѓето се плашеле дека „несветите“ ќе им ја испијат крвта или ќе ги каснат.
Археолозите во Полска пронашле и други методи кои се користеле против „живите мртовци“.
-Најдовме голем број гробови со камења поставени на различни делови од телото, на грлото, лактот или вратот, сето тоа како заштита од покојникот – рече Полински.