ВО ОВАА ЗЕМЈА ПОВТОРНО СЕ ДОЗВОЛЕНИ ОРГИИ, НО ПОД ЕДЕН УСЛОВ! Премиерката низ смеа ги потврди новите мерки (ВИДЕО)

Премиерката на Нов Зеланд Џасинда Ардерн потврди дека и на жителите на Окленд законски им е дозволено да учествуваат во оргии, по изолацијата поради коронавирусот.

1,597

Новозеландската премиерка Џасинда Ардерн во интервју за локалната станица изјавила дека „системот на семафори“, кој почнува да се применува во земјата, ќе овозможи и најинтимни собири, пренесува „Lad bible“.

Премиерката на Нов Зеланд Џасинда Ардерн потврди дека и на жителите на Окленд законски им е дозволено да учествуваат во оргии, по изолацијата поради коронавирусот.






Запрашан да објасни некои од „пофините“ детали за системот, Ардерн рече дека се е дозволено, од излегување до оргии.

Но, само ако во собата нема повеќе од 25 луѓе.

– Можам да потврдам дека врските на Тиндер се повторно отворени. Не е строго вклучено во „системот на семафори“, но, ух, до 25 луѓе се дозволени во црвено – рече таа низ смеа.

Нов Зеланд се префрли на таканаречениот систем на мерки за семафори, врз основа на тоа дали луѓето живеат во црвена, жолта или зелена област.

Овие мерки беа воведени по појавата на новиот позаразен омикрон сој на коронавирус, за кој се чини дека вакцините не се доволно ефикасни.

Нов Зеланд имаше некои од најтешките ковид-19 мерки во светот за време на пандемијата и продолжи со строги ограничувања на границата. Ардерн рече дека властите работат напорно за да спречат влез на омикрон во земјата.

 

Поврзани содржини