ВОЈНАТА Е ВЕЌЕ ПОЧНАТА? Еве го можниот датум за напад на Украина

Рускиот претседател Владимир Путин ќе почека да завршат игрите за да не ја навреди Кина, објаснува генералот кој некогаш служел и во СССР. На тој ден исто така завршуваат заедничките воени вежби меѓу Русија и Белорусија. Спремни за напад, Русите би почнале да ги ракетираат украинските позиции поведувајќи воздушна битка, но истовремено би ја преминале границата. Од другата страна, нив би ги пречекале половина милион Украинци.

8,125

Војната е веќе почната, сите услови за тоа се исполнети, смета колумнистот Џонатан Маркус од Би-Би-Си, анализирајќи ја можноста Русија да ја премине украинската граница. А, можеби уште поуверливи се зборовите на генерал-полковник Александар Пављук од украинската армија, според кој познат е и датумот кога тоа би можело да се случи. За Пављук, 20 февруари, денот кога ќе завршат Зимските Олимписки игри во Пекинг е „датум кој сите нас нè засега“, пишува РусијаДенес.

Рускиот претседател Владимир Путин ќе почека да завршат игрите за да не ја навреди Кина, објаснува генералот кој некогаш служел и во СССР. На тој ден исто така завршуваат заедничките воени вежби меѓу Русија и Белорусија. Спремни за напад, Русите би почнале да ги ракетираат украинските позиции поведувајќи воздушна битка, но истовремено би ја преминале границата. Од другата страна, нив би ги пречекале половина милион Украинци.






– Имаме околу половина милион луѓе кои поминале низ војна во оваа земја во која изгубиле некого или нешто. Половина милион што ја загубија крвта на некој роднина, ги загубија своите домови или ги загубија своите пријатели и тие се подготвени да ги растргнат Русите со голи раце – вели тој.

А, ако Украинците навреме ги пресретнат Русите, руската војска можеби и самата ќе се откаже, оптимистички прогнозира Пављук.

– Ако нашите разузнавачи успеат да ја предвидат насоката на главниот руски удар, по првите големи загуби нема да одат понатаму. Путин сфаќа дека по големите жртви неговата војска може сама да запре. Во ова не можете да ѝ верувате на интуицијата. Станува збор за ладна пресметка – додава тој.

И додека чекаме на вистинска војна, „не можеме да влеземе во главата на Путин“, како што пишува колумнистот Маркус од Би-Би-Си. Тоа што можеме е да видиме кои нешта веќе наликуваат на војна. Според него, војната е веќе тука, а еве четири причини.

EPA-EFE/STANISLAV KOZLIUK

Воен притисок

Русија долги години го окупираше Крим, за да изврши бавен но сигурен притисок врз Украина. Уште од самиот почеток, Русија имаше поддршка од бунтовниците во Донбас, што дополнително ѝ направи проблем на Украина.

Во 2014 имаше вооружен конфликт, а спорадичните пукотници сè уште одекнуваат во регионот, иако двете страни велат дека се за мирно решение на конфликтот. Руската дума неодамна изјави дека ќе го разгледува барањето на побунетите региони да бидат признаени како отцепени републики.

Закана со сила

Истовремено, Русија трупа огромен број војници и голема количина на опрема, покажувајќи „мускули“. Потоа почна збирањето војска и вежбањето во Белорусија. Иако Москва вели дека ова е само рутинска вежба, тоа што Русите го испратиле во Белорусија не е само обична воена вежба, смета Маркус.

Тој наведува и дека на социјалните мрежи се објавени огромен број видеа на кои се гледа како руските војници се движат кон Белорусија и Украина.

Создавање приказна

Русија има уште едно оружје во ракавот – создавање на приказна дека „Украина не е жртвата, туку ние сме“.

Ова е наведено и документирано во низата документи доставени до врвот на НАТО, поради што Алијансата итно сака да создаде нова сфера на влијание. Од една страна, Русија нашироко зборува за контрола на оружјето, за учество на самити, но сите знаат дека нема ништо од тоа и НАТО добро го знае тоа.

Но, рускиот наратив има друго значење. Тој е упатен кон сите луѓе во светот кога ги читаат вестите за Украина и за Русија. И според сите независни анализи, Русија се подготвува за војна, без разлика што вели Кремљ.

Субверзија

Има и уште една опција да се војува, преку сајбер напади. Доказ за ова е дека неодамна беа хакирани сајтовите на сите украински министерства. Иако нема докази кои посочуваат кон Москва, многу аналитичари сметаат дека овој „сајбер елемент“ е важна алка во конфликтот меѓу Украина и Русија.

Ако некогаш дојде до напад на Украина, тој сигурно ќе вклучува и отсекување на целиот интернет, струја и други енергетски извори.

Тенка е границата меѓу војната и мирот

Кога Русија го презеде Крим во 2014 година, слушавме разни чудни изрази како „сива зона“, „хибридна војна“, сè само за нападот да не го гледаме како воена инвазија. Но, нема сомнеж кој го зазеде Крим на кој било начин, на класичен, старомоден воен начин, пишува Би-Би-Си.

Сето ова влегува во „сивата зона на конфликтот“, замаглувајќи ја јасната граница меѓу војната и мирот.

Но, Западот не гледа на тоа така, тој сака да разграничи меѓу војна и мир. Од друга страна, Русија има своја доктрина. Таму војната и мирот се гледаат како едно заедничко течение во кое се применуваат различни стратегии, но секогаш со истата цел.

И затоа на крајот е јасно дека војната е веќе започната, се заклучува во текстот.

 

Поврзани содржини