ВО МАКЕДОНИЈА НОВАТА ВАРИЈАНТА НА КОВИД ДОЦНИ, А МОЖЕБИ НЕ ЗНАЕМЕ ДЕКА „ФРАНКЕНШТАЈН“ ВЕЌЕ Е ТУКА Не е многу опасен, ама не треба да се потцени

Пациентите заболени од новата варијанта на ковид често пријавуваат чувство како да им е „жешко во грлото“, болка што се шири при голтање и променет глас. Но, тоа се чести симптоми за разни респираторни инфекции.

518

Во Европа се шири нова варијанта на коронавирусот, на која во медиумите ѝдода прекар „Франкенштајн“. Овој подвид, ознаčen како XFG, стана доминантен во Германија и веќе е забележан во неколку европски земји. Научниците објаснуваат дека станува збор за комбинација на две постари линии на вирусот – LF.7 и LP.8.1.2 – што ја прави оваа верзија „спој од повеќе генетски делови“, па оттука и нејзиното необично име.

Во Македонија засега нема податоци дека „Франкенштајн“ кружи меѓу населението, но препораките се исти како и секогаш: проветрувајте ги просториите, избегнувајте гужви ако се чувствувате болни, носете маска кога сте во контакт со други луѓе и пијте многу течности. Овие едноставни мерки можат да направат голема разлика.






Засега, Светската здравствена организација и Европскиот центар за превенција и контрола на болести не ја сметаат за опасна, но ја следат внимателно.

Во првите случаи во Германија и Австрија, лекарите забележале нешто поинаков тек на болеста. Пациентите често пријавувале чувство како да им е „жешко во грлото“, болка што се шири при голтање и променет глас. Дел од нив немале висока температура, туку замор и блага кашлица. Сепак, стручњаците предупредуваат дека овие симптоми не се единствени за оваа варијанта – можат да се јават и кај други респираторни инфекции.

Затоа, ако почувствувате непријатност или болка во грлото, не ја игнорирајте. Проверете со тест, особено ако сте биле во контакт со многу луѓе. Ако резултатот е позитивен, останете дома, изолирајте се неколку дена и консултирајте се со матичниот лекар. Не чекајте состојбата да се влоши – раната реакција е клучна и за вашето здравје, и за здравјето на блиските.

Здравствените институции во повеќе земји веќе предупредуваат на можен нов бран. Иако бројот на заразени во Европа моментно не расте драматично, варијантата XFG е ставена на листата на „варијанти под надзор“. Тоа значи дека лабораториите ќе вршат почеста проверка на примероци и ќе ги следат сите можни промени во нејзиното однесување.

Ако имате температура, кашлица или болка во грлото — постапете разумно: направете тест, јавете се на лекар и следете ги препораките. Така најдобро ќе се заштитите од новата „Франкенштајн“ варијанта и од сите идни мутации што можеби доаѓаат.

Поврзани содржини