ВО КРАГУЕВАЦ ЌЕ СЕ ПРАВИ ЕЛЕКТРИЧНО „ФИЌО“ Еве како ќе изгледа новата „Фиат Панда“ (ФОТО)

Сопствениците ќе можат да променат многу работи во возилото и да го приспособат на себе, а наместо класичниот инфозабавен екран, да го користат својот смартфон или таблет. Сличен концепт понуди и „Дачија“ за новиот „Сандеро“.

433

Електричната „Фиат Панда“ ќе се произведува во српскиот град Крагуевац од 2024 година. Како би можел да изгледа новиот модел, на која класа ќе припаѓа и на која платформа ќе работи? Од компанијата „Фиат“ долго време ги објавуваат своите концептуални модели и нивната моќност, пишува Нова.

 






Се очекува новата „Панда“ да се базира на концептот Centoventi од 2019 година. Технолошки би требало да биде слична на електричните модели од групацијата Stellantis – Peugeot e-208 и Opel Corsa. По големина би била слична на сегашната „Панда“, значи компактен градски модел. Дизајнот на новиот мал автомобил, кој ќе дебитира идната година, веќе е одобрен.

 

Сопствениците ќе можат да променат многу работи во возилото и да го приспособат на себе, а наместо класичниот инфозабавен екран, да го користат својот смартфон или таблет. Сличен концепт понуди и „Дачија“ за новиот „Сандеро“.

Ќе бидат достапни хибридна и целосно електрична варијанта на „Пандата“. Таа ќе биде наследник на „Фиат 500Л“ кој моментално се произведува во Крагуевац.

Поврзани содржини