ВО КИНА НЕМА ПАЈАК, РОБОТ ТИ ЈА КРЕВА КОЛАТА Решен проблемот со непрописното паркирање (ВИДЕО)
Платформата ја прилагодува својата големина според големината на возилото, му ги блокира тркалата и потоа го крева доволно за да може да го одлепи од земјата.
Изгледа дека Кинезите почнаа сите проблеми да ги решаваат со роботи и вештачка интелигенција. Кога станува збор за паркирањето на недозволени места тие направиле мала, речиси незабележлива платформа на тркалца која „му се прикрадува“ одоздола на вашето возило и полека, исто така ненаметливо го носи на друго место.
Платформата ја прилагодува својата големина според големината на возилото, му ги блокира тркалата и потоа го крева доволно за да може да го одлепи од земјата.
Корисниците на Редит предлагаат автомобилите да се носат на полицискиот паркинг.
China is very advanced in removing illegally parked cars. pic.twitter.com/Z22VDENS0k
— Curiously Curious (@justcurious1313) September 30, 2022