ВО ЈАПОНИЈА СТЕРИЛИЗИРАЛЕ И 9-ГОДИШНИ ДЕЦА ПОРАДИ БИЗАРЕН ЗАКОН 16.500 луѓе се жртви на бруталната практика

Законот за евгенична заштита од 1948 година, кој беше на сила во Јапонија до 1996 година, им дозволи на лекарите да вршат присилна стерилизација за да „спречат создавање потомство со слаб квалитет“. Јапонската влада призна дека 16.500 луѓе - некои на возраст од 9 години - биле насилно стерилизирани според законот.

461

Јапонскиот врховен суд ѝ нареди на владата да плати отштета на десетици луѓе кои биле насилно стерилизирани според сега веќе непостоечкиот Закон за заштита на евгениката, тврдејќи дека практиката ги прекршува нивните уставни права, објави Џапен тајмс.

Тоа е голема победа за 39-те тужители и илјадници други луѓе со болести, генетски и ментални нарушувања, кои биле подложени на процедури без нивна согласност, главно помеѓу 1950-те и 1970-те. Владата тврдеше дека оштетените не можеле да бараат обештетување бидејќи поминал 20-годишниот рок за застареност.






Законот за евгенична заштита од 1948 година, кој беше на сила во Јапонија до 1996 година, им дозволи на лекарите да вршат присилна стерилизација за да „спречат создавање потомство со слаб квалитет“. Јапонската влада призна дека 16.500 луѓе – некои на возраст од 9 години – биле насилно стерилизирани според законот. Уште 8.500 кои дале согласност веројатно биле под силен притисок да го сторат тоа.

Сите 15 судии на Врховниот суд оценија дека законот за евгеника е неуставен.

– Проживеав болни 66 години поради операција на владата. Ми го украдоа животот и го сакам назад – вели 81-годишен маж кој на 14-годишна возраст бил убеден да направи вазектомија и живеел во установа за деца со проблеми во однесувањето.

Сите 15 судии на Врховниот суд оценија дека законот за евгеника е неуставен и го прекршил членот 13 од Уставот – кој ги штити луѓето да бидат подложени на физички инвазивни процедури против нивната волја – и членот 14, кој го пропишува правото на еднаквост.

– Проживеав болни 66 години поради операција на владата. Ми го украдоа животот и го сакам назад – вели еден 81-годишен маж кој на 14-годишна возраст бил убеден да направи вазектомија и живеел во установа за деца со проблеми во однесувањето.

Јапонија беше принудена да се соочи со контроверзната практика кога една жена во нејзините 60-ти ја тужеше владата поради процедура на која била подложена на 15-годишна возраст поради интелектуална попреченост. Ова предизвика поплава од слични тужби.

Во 2019 година, владата усвои закон со кој се обезбедува компензација во износ од 3,2 милиони јени (околу 18.600 евра) за секоја жртва, а тогашниот премиер Шинзо Абе го изрази своето „искрено жалење“.

– Многу луѓе беа подложени на операции поради кои не можеа да нема деца поради инвалидитет или некоја друга хронична болест, што им предизвикано големо страдање – рекол Абе.

Но, оштетените од мачната постапка рекоа дека обезбедената сума не соодветствува со тежината на нивните маки, па борбата ја продолжија на суд. Во тие случаи, четири високи судови досудија отштета од 11 до 16 милиони јени (63.000 до 92.000 евра) на секој тужител, како и 2,2 милиони јени (околу 12.500 евра) на секој сопружник на починатата жртва.

Инаку, Германија и Шведска имаа слични мерки, но во меѓувреме им се извинија на настраданите и платија обесштетување.

 

Поврзани содржини