ВО ЈАПОНИЈА РАСТЕ БРОЈОТ НА РОДИТЕЛИ-НАВОДАЏИИ Сѐ повеќе Јапонци им бараат брачни партнери на своите деца (ВИДЕО)
Сѐ помалку Јапонци се одлучуваат за брак и деца, а нивните родители одат на организирани настани за склопување на бракови за да им помогнат на своите деца да најдат соодветен брачен партнер.
Со оглед на зголемените трошоци за живот, лошите економски услови и напорната работна култура, денес сѐ помалку Јапонци избираат да стапат во брак и да имаат деца.
Тука настапуваат нивните родители, загрижени заради сѐ помалите шанси да добијат внуци. На средбите „омиаи“ – посредување за склопување на брак, родителите зборуваат за своите возрасни, слободни деца, за кои се надеваат дека ќе најдат љубов.
Секој од родителите издвојува по 14.000 јени (89 евра) за учество на ваков настан.
Повеќе за ова, како и видеото од еден ваков настан можете да најдете на порталот „Мајка и дете“.