ВО 2040 ЌЕ ПРОРАБОТИ СВЕТИОТ ГРАЛ НА ФУЗИЈАТА Велика Британија се спрема за првата комерцијална централа за „бесплатна струја“

Фузијата би можела да обезбеди неограничена бесплатна струја за човештвото со стотици години, без нуклеарен отпад. Се работи за огнот кој се наоѓа во срцето на нашето Сонце, а кој треба да го произведеме во лабораторија. Во реакцијата на фузијтаа, два атома се судираат и заедно формираат еден атом, ослободувајќи огромни количини на енергија. Овој процес се случува постојано во ѕвездите, каде што тони атоми на водород се распаѓаат секоја милисекунда. Кога ги раскинуваат своите атомски врски и формираат потешки атоми на хелиум, тие генерираат огромна топлина и светлина - речиси четири милиони пати повеќе од онаа што се создава при користење јаглен, нафта или гас.

709

Првиот светски комерцијален нуклеарен реактор за фузија ќе биде пуштен во употреба до 2040 година во Велика Британија, соопшти британската влада. Нуклеарната централа која теоретски би можела да обезбеди речиси неограничена чиста енергија ќе биде изградена во Нотингемшир, пренесува Б92. Додека уште од 80-тите години светот чека на првиот ваков реактор и многу земји прават неуспешни експерименти, Британија е охрабрена.

Локацијата на централата ја откри деловниот секретар Јакоб Рис Мог и додаде дека на овој начин Британија „ќе му ја докаже на светот комерцијалната одржливост на производството на електрична енергија користејќи топлина од реакции на нуклеарна фузија“.






Нуклеарната централа ќе ја замени електраната на јаглен во градот, која треба да биде затворена оваа година. Сепак, истражувачите велат дека сè уште има огромни пречки што треба да се надминат пред технологијата да стане остварлива.

 

Во реакцијата на фузијата, два атома се судираат и заедно формираат еден атом, ослободувајќи огромни количини на енергија. Овој процес се случува постојано во ѕвездите, каде што тони атоми на водород се распаѓаат секоја милисекунда. Кога ги раскинуваат своите атомски врски и формираат потешки атоми на хелиум, тие генерираат топлина и светлина.

Истражувачите сакаат да го повторат овој процес на Земјата, а за да го направат тоа би морале да го загреат водородот на повеќе од 100 милиони степени. Нема материјали кои можат да издржат директен контакт со оваа температура, па прегреаните атоми ќе бидат притиснати заедно со моќни магнети во уредот познат како „токамак“.

Британската влада вети повеќе од 220 милиони фунти за СТЕП (Сферичен Токамак за производство на енергија).

Како што е наведено, ако нешто тргне наопаку во реакторот за фузија, уредот едноставно се исклучува, така што нема ризик од ослободување на оваа колосална топлина.

Теоретски, нуклеарната фузија може да произведе огромни количества јаглеродно неутрална енергија, речиси четири милиони пати повеќе енергија отколку користењето јаглен, нафта или гас.

Поврзани содржини