ВНИМАНИЕ, ОВАА ОТРОВНА РИБА ДЕМНЕ ВО ПЛИТКОТО ВО ЕГЕЈОТ И ВО ЈАДРАНОТ „Змејот“ не гризе, туку боде!
Се јавивме на докторот, кој ни рече да дадеме антиалергиски лек и бруфен што поскоро. Веќе беше подобра, ногата помалку ја болеше. Докторот исто така рече да му се јавам ако таа се задуши, за среќа тоа не се случи, рекол таткото на девојчето.
Гледач во утринаската програма на една телевизија во Грција се јавил и раскажал што се случило со неговото 8 ипол годишно девојче кое стапнало на мала, но отровна риба! Накострешените перки на риба-змеј испуштаат отров кој може да го парализира говорот, а кај постарите лица и да предизвика срцев удар.
Се работи за Александар Томиќ од Србија кој бил на одмор. Тој на фесјбук-групата „Грчка инфо“ напиша дека ногата на девојчето веднаш ја ставиле во топла вода по препорака на едно момче ое се нашло на плажата.
– Ќерка ми беше добро следниот ден. Бевме на плажа и кога излегуваше од водата, ќерка ми ја згазна рибата во плиткото и почна навистина силно да вреска од болка. Не знаев што се случи, дали се пресече, не чувствував јасно дека вреска толку многу. Погледнав во нејзината нога и ја измив со вода. Имаше едно момче, спасител на плажата и тоа ни кажа дека се работи за риба-змеј. Тој ни рече да ја ставиме ногата во топла вода – вели Александар Томиќ и додава:
– Штом ја ставивме ногата во топлата вода што ја донесовме од кафулето, таа беше многу подобра. Таа навистина врескаше од болка, велејќи дека не може да издржи. Се јавивме на докторот, кој ни рече да дадеме антиалергиски лек и бруфен што поскоро. Веќе беше подобра, ногата помалку ја болеше. Докторот исто така рече да му се јавам ако таа се задуши, за среќа тоа не се случи – изјави Томиќ.
Тој исто така истакна дека ваква ситуација не се случува толку често.
– Како што рекоа тоа се случува еднаш месечно, таа риба ја има и во Јадранското море, може секаде да се случи… И кај нас има некоја отровна риба, децата многу полесно ја поднесуваат отколку возрасните. Срцевите болни можат да доживеат и срцев удар. Сопругата објави на групата, за луѓето да знаат што да прават во такви ситуации. Топлата вода е најважна работа. Ставете шише со вода за секој случај, па ќе се загрее – вели таткото на девојчето.
Да потсетиме, мајката на девојчето кое го искаса отровна риба оставила објава на Фејсбук групата „Грчка инфо“ во која наведува дека нејзината 8,5-годишна ќерка ја каснала риба позната како змеј риба.
„Таа со десното стапало згазна на риба со отровни боцки. Симптоми – многу силна болка. Среќа што таму беше еден спасител кој не советуваше да ја ставиме ногата каде што е убодот во топла вода, што во таа ситуација ја намалува болката и го намалува дејството на отровот“, напишала мајката на ова девојче со надеж дека нивното искуство некому ќе му помогне.