ВЛАСТИТЕ ВО ЈАПОНИЈА ЗАПОЧНАА НЕВЕРОЈАТНА КАМПАЊА Загрижени се бидејќи младите пијат – премалку алкохол
Од Јапонија доаѓа прилично неверојатна приказна, односно, тамошните власти започнуваат кампања за поттикнување на младите да пијат повеќе алкохолни пијалаци!
Прилично неверојатна приказна доаѓа од Јапонија – тамошните власти започнуваат кампања за поттикнување на младите да пијат повеќе алкохолни пијалаци!
Би-Би-Си пишува дека помладата генерација Јапонци пијат многу помалку алкохол од нивните родители, што веќе има значително влијание врз падот на даночните приходи за пијалаци како што е саке. Затоа, даночната администрација започнала национална кампања за да се смени овој тренд.
Конкурсот е наменет за Јапонци на возраст од 20 до 39 години, од кои се бараат идеи за поттикнување на побарувачката за алкохол кај таа група, без разлика дали е саке, виски, пиво или вино. Авторите на конкурсот наведуваат дека причините за намалувањето на потрошувачката на алкохол во таа земја се поврзани со стареењето на населението, но и со пандемијата на ковид.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.