ВИСТИНСКИ ДОМАТИ И ЈАГОДИ, МАКЕДОНСКИ ТАРТУФИ, ВИНА И РАКИИ Трета сезона на промоција и продажба на органска храна
Во сабота (6 мај) во Јавна соба почнува третата сезона на Пазарче.орг, кадешто посетителите ќе имаат можност да дегустираат, но и да си купат свежо овошје и зеленчук, зачини, јаболков оцет од диви јаболки, маџун, јаткасти плодови, компоти, сирења и кашкавали, сувомеснати производи, медови, производи со тартуфи, мармалади, вино, ракии и други производи кои се произведени од мали производители на органска храна.
Оваа сабота (6 мај) во 10 часот на зелената тераса во скопската „Јавна соба“ почнува третата сезона на промоција и продажба нa органска храна – Пазарче.орг (орг = органска храна).
Исклучително важен настан кој им дава поддршка на земјоделците и на производителите кои произведуваат малку, внимателно и на природен начин, но е во корист и на потрошувачите кои сè повеќе се едуцираат и се насочуваат кон здрава и природна исхрана.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.