ВИНИСИУС ВО НЕБРАНО, ЈА ИЗНЕВЕРИЛ ИНГРИД? Фудбалерот полудел по мајка на три деца

Жешки детали испливаа на социјалните мрежи, каде што девојката на познатиот фудбалер, инфлуенсерката Ингрид Лана, објавила видео кое ја открива нејзината верзија на вистината.

888

Винисиус Жуниор, бразилската фудбалска ѕвезда и член на Реал Мадрид, повторно се нашол во центарот на медиумското внимание, овој пат не поради дриблинг или гол, туку поради љубовен триаголник што стана интернет сензација.

Инфлуенсерката Ингрид Лана го обвинила дека ја изневерувал, а според српскиот портал Мондо, сега тој наводно е во врска со мажена жена, мајка на три деца.






Жешки детали испливаа на социјалните мрежи, каде што Ингрид објавила видео кое ја открива нејзината верзија на вистината.

Според неа, додека била во врска со Винисиус, открила дека тој истовремено се гледал со друга жена. Шокантно, но уште поголемата драма дошла кога дознала дека новата партнерка на Винисиус е оженета жена со три деца. Бразилската инфлуенсерка тврди дека фудбалерот ја излажал и дека ја повредил, иако претходно ѝ ветил сериозна врска.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Virginia (@virginia)

– Ме лажеше. Ме предаде. Сега е со жена што има семејство, со маж и деца. Тоа е ниско. Не заслужив таков однос – изјавила Лана во видеото, но без да го именува Винисиус.

Меѓутоа, сите нејзини пораки и коментари се насочени кон него, а следбениците веднаш го препознале контекстот.

Од Реал Мадрид или од самиот Винисиус сè уште нема официјална реакција, а медиумите во Бразил и Шпанија веќе шпекулираат за потенцијални последици по неговиот имиџ. Меѓу спортските резултати и маркетинг договори, приватниот живот на ѕвездите честопати станува полигон за јавни судења, особено во ерата на Инстаграм и ТикТок.

Фановите се поделени. Дел од нив ја поддржуваат Ингрид, додека други ја обвинуваат дека бара популарност на грбот на Винисиус. Но, видеото брзо се проширило и станало вирално, зголемувајќи го притисокот врз фудбалерот да одговори или да се повлече од социјалните мрежи.

 

Поврзани содржини