ВИЛАТА НА НОВАК ОД КОЈА ЗАСТАНУВА ЗДИВОТ Ѕирнете во домот на Ѓоковиќ вреден 10 милиони во Марбеља (ВИДЕО)

Србинот поседува стан во Монте Карло, два стана на Менхетен во Њујорк и стан во Мајами. Во Белград има пентхаус од 250 метри квадратни во елитната населба Вест 65, а во Срем, кај Павловачкото езеро, поседува вила од 1.200 метри квадратни.

5,675

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пресели со семејството во декември 2020 година во вила во Марбеља, Шпанија, пишува Б92.

Ѓоковиќ прво ја изнајмил вилата во која ги поминал првите денови од пандемијата на коронавирус за околу 10.000 евра месечно, а потоа решил да ја купи. Платил околу 10 милиони евра, а на имотот од 3.500 метри квадратни има тениско игралиште, градина, базен, теретана и мала кино сала, пишуваат светските медиуми.






Луксузната куќа има и девет спални соби, осум бањи и тераса со прекрасен поглед на море.

Тенисерот се преселил во Марбеља по 10 години живот во Монте Карло, а како што пишуваат српските медиуми, тоа го направил затоа што Марбеља има многу поголем избор на образовни институции за неговите деца и затоа што во близина живеат многу негови и роднини на неговата сопруга.

Ова не е единствената куќа што ја поседува Новак.

Тенисерот поседува и станови на некои од најлуксузните локации во светот.

Тој поседува стан во Монте Карло, два стана на Менхетен во Њујорк и стан во Мајами. Во Белград има пентхаус од 250 метри квадратни во елитната населба Вест 65, а во Срем, кај Павловачкото езеро, поседува вила од 1.200 метри квадратни.

Покрај тоа, Ѓоковиќ поседува стан во елитната населба Порто Монтенегро во Тиват.

Поврзани содржини