ВИКТОРИЈА И ДЕЈВИД БЕКАМ ЛЕТУВААТ ВО ХРВАТСКА Отседнаа во комплекс каде ноќевање чини 1.400 евра (ФОТО)
Славниот пар престојува во луксузниот комплекс Лопуд 1483 на истоимениот остров, каде во неделата го прославиле 11-тиот роденден на своето најмало дете, ќерката Харпер.
Модната дизајнерка Викторија и поранешниот фудбалер Дејвид Бекам неодамна уживаа во Париз и Венеција, а потоа славниот пар се упати кон Хрватска. Овогодинешниот одмор за нив има посебно значење бидејќи слават 23 години брак во различни делови на светот, а деталите од нивниот одмор на хрватското приморје ги донесува „Дубровачки дневник“.
Како што пишува dubrovackidnevnik.net.hr, славниот пар престојува во луксузниот комплекс Лопуд 1483 на истоимениот остров, во близина на Дубровник, каде во неделата го прославиле 11-тиот роденден на своето најмало дете, ќерката Харпер.
View this post on Instagram
Колку ќе ги чини уживањето на семејството Бекам на хрватското приморје? Имајќи предвид дека нивното богатство се проценува на 450 милиони долари, бројките што ќе ги споменеме за нив се вистинска ситница, но не и за поголемиот дел од населението, како во регионот, така и во светот.
Имено, изнајмувањето на луксузен комплекс за еден ден чини 10.000 евра за 10 лица, додека за едно ноќевање треба да одвоите околу 1.400 евра.
View this post on Instagram
Брачниот пар Бекам сака да ужива во сите привлечности на Јадранот, па пред неколку дена го посетиле најпознатиот ресторан на островот Шипан, но Викторија и Дејвид имале еден услов за воопшто да го посетат овој објект, а условот гласи: Никој не смеел да ги фотографира.
И покрај тоа, хрватските портали се преполни со нивни фотографии од крајбрежјето.
Славниот пар се забавува во Хрватска и како што можеме да видиме на инстаграм-профилот на Викторија Бекам, тие планираат наскоро да се вратат дома.
View this post on Instagram
„Велат дека тој не е духовит, велат дека јас никогаш не се смеам, рекоа нема да траеме. Денес славиме 23 години брак. Дејвид, ти си моето се, те сакам многу”, му ја честиташе Викторија Бекам на својот сопруг на 23-годишнината од бракот на социјалните мрежи додека бројни портали пишуваат за наводните прељуби на нејзиниот сопруг.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм