ВИКИНЗИТЕ ДОШЛЕ ВО АМЕРИКА 470 ГОДИНИ ПРЕД КОЛУМБО Потврдени остатоци од древна населба (ФОТО)
Наместо во 1492 година кога била експедицијата на Колумбо, Викинзите биле во Северна Америка уште во 1021 година, а за споредба, тоа е само три години по распаѓањето на Самоиловото Царство во Македонија.
Неверојатни четири века пред Колумбо да стапне во денешна Америка, Викинзите имале дојдено во северниот дел од контитентот, имале свои населби и веројатно окупирале дел од домородците, покажува ново истражување објавено во Природа, пишува Би-Би-Си. Наместо во 1492 година кога била експедицијата на Колумбо, Викинзите биле таму уште во 1021 година, а за споредба, тоа е само три години по распаѓањето на Самоиловото Царство во Македонија.
Исечените дрвја и соларната бура
Исечено прстени од три дрвја пронајдени во напуштената нордиска населба, логорот L’Anse aux Meadows, ја решиле загатката за научниците, а две работи биле клучни: одредување на датумот со помош на мерење на јаглероден сигнал и истражување на оштетените годови во дрвото. Годовите сугерирале дека дрвото биле погодено од сончева бура која се случила во небото, огромно зрачење од Сонцето кое ја погодува Земјата.
Бидејќи последната сончева бура за која метеоролозите знаат се случила во 992 година од нашата ера, научниците успеале да ја предвидат дека дрвото било исечено околу 1021 година. Но, ова е првпат истражувачите да предложат точен датум.
Vikings settled in North America in 1021AD, study says https://t.co/pAIKf8TtV8
— BBC News (World) (@BBCWorld) October 21, 2021
Викинзите пренеле свои гени и знаење на домородците
„Поврзаноста на овие парчиња со Нордијците се заснова на детално истражување претходно спроведено од Паркс Канада“, се вели во студијата, додавајќи дека има јасни докази дека дрвото од примерокот било модифицирано со метални алатки.
Се додава дека логорот L’Anse aux Meadows бил база од која биле истражувани други локации, вклучително и региони на југ. Авторите велат дека откритието претставува дефинитивна точка за идните истражувања за првичните последици од селењето на Викинзите преку океанот, како што се трансферот на знаење и потенцијалната размена на генетски информации и патологии.

Освен бродови, правеле и градби од дрво
– Тоа сугерира дека краткотрајната населба била активна околу 1021 година кога на локацијата се обработувало дрво, веројатно поврзано со поправка на зграда или брод – вели д-р Колин Боејти, специјалист за Викинзи од институт во Шкотска и продолжува:
– Како археолог, ова би можел да го протолкувам како една фаза од окупациската активност, а не нужно како прва или навистина последна фаза (од нивното населување).
А што е тоа датирање со јаглерод? Тоа значи дека научниците можат да го измерат количеството на изотопот јаглерод-14 во некој предмет. Јаглерод-14 има својство да се распаѓа со текот на многу, многу векови, па ако измерите колку останало од него во предметот можете и да пресметате колку е стар истиот.