ВИЕНСКИ ЗЕЛЕНЧУКОВ ОРКЕСТАР Секој нивен концерт завршува со супа за публиката

„Само треба да го отворите умот и сè може да функционира, сè може да стане музика, дури и зеленчукот!“ Вака вели еден од основачите на Виенскиот зеленчуков оркестар кој веќе 25 години ги претвора корените и најразлични други зеленчуци во звуци и ритми

332

Сѐ почнало со една обична супа.

„Готвевме заедно“, се сеќава Матијас Мајнхартер, еден од основачите на Виенскиот зеленчуков оркестар. Неговата пријателска група имала еден час пауза на студентски фестивал, период кој требало да го пополнат и размислувале за начини за создавање музика на неочекувани начини. „Додека правевме супа од зеленчук, дојдовме до идеја да ја зготвиме на сцената и да одржиме концерт со зеленчукот додека го правиме тоа“.






Зеленчуковиот оркестарот го одржал својот прв концерт во април 1998 година: Дванаесет пријатели, ниту еден музичар, сите желни да создадат нешто ново. Пред настапот тие го претворија својот омилен зеленчук во инструменти, вадејќи мелодии од моркови, праз и корени од лотос. Откако секој инструмент ќе ѝ послужел на целта, готвачот ќе го исечкал и го додавал во тенџерето со супа што се крчкало на сцената.
За 25 години, оркестарот создал околу 100 инструменти, издал 4 албуми и имал повеќе од 300 концерти низ целиот свет. Тие триеле праз во Уметничкиот центар во Шангај, тропале по тапаните од тиква во Ројал фестивал хол во Лондон, дувале низ рогови од пиперки во Центарот Помпиду во Париз и правеле звуци со шишиња од тикви пред во распродадениот аудиториум со 1.800 седишта во Москва. Со текот на времето, искуството и растечкото меѓународно признание, она што требало да биде еднократна изведба на шаренолика група студенти станало најнеобичниот извозен производ од Градот на музиката.

Повеќе за ова прочитајте на „Арт кујна“.

Поврзани содржини