(ВИДЕО) ЖАЛНА ГЛЕТКА НА ПЛАЖА ВО АВСТРАЛИЈА Над 50 китови се насукаа и угинаа
Спасувачите заедно со регистрираните доброволци и други организации, се обидуваа да ги врати во подлабоките води останатите 46 живи единки од групата китови што се насукаа на плажа во близина на градот Елбани на западниот брег на Австралија.
Повеќе од 50 пилот-китови угинаа откако се насукаа на плажа во Западна Австралија, соопштија денеска официјални лица. Тие се дел од групата од околу 100 пилот китови, неодамна забележани пред Чејни бич во близина на градот Елбани. Спасувачите се обидуваат да им помогнат на уште живите морски цицачи и да ги транспортираат назад во морето, како што соопшти локалната организација за заштита на природната средина, „Парк вајлд лајф сервис“.
Китовите собрани во група и тесно збиени, со часови останале на сто метри од брегот, што е цеосно невообичаено однесување. Подоцна голем дел од групата китови почнале да заринкуваат источно од градот Елбани. Локалните власти побараа од граѓаните и љубопитниците да останат настрана од плажата за да не се изложуваат на опасност.
Морски експерти и волонтери кампуваа во текот на ноќта на плажа оддалечена околу 450 километри југоисточно од Перт, Западна Австралија, откако китовите беа пронајдени насукани во близина на плажата.
„За жал, 51 кит угинаа во текот на ноќта по масовно насукување“, соопшти Службата за паркови и диви животни на Западна Австралија.
Спасувачите заедно со регистрираните доброволци и други организации, се обидуваат да ги врати во подлабоките води останатите 46 китови.
Пилот китовите се познати по своите силни социјални односи, па кога некој ќе се најде во неволја и ќе се насука, другите обично ги следат, тврдат поморските експерти.
#BREAKING #Australia Approximately 60-70 black dolphins washed up on a beach in southern Western Australia, the regional parks and wildlife service said.
Video: TASS/Reuters pic.twitter.com/hdzoayzEt1— National Independent (@NationalIndNews) July 25, 2023