(ВИДЕО) ВЛЕГОЛ ДА СЕ РАЗЛАДИ, ИЗЛЕГОЛ СО ОКТОПОД НА ГРБОТ Необична сцена на плажа во Грција 

Италијанецот Кристијан Кастања тој ден уживал во пливањето, но во еден момент почувствувал нешто лигаво на грбот.

1,320

На социјалните мрежи се шири видео од плажа во Грција поради необичен „гостин“ кој се појавил во плиткото, на грбот на капачот.

Италијанецот Кристијан Кастања тој ден уживал во пливањето, но во еден момент почувствувал нешто лигаво на грбот. Тоа бил октопод кој цврсто му се залепил за грбот, а капачите му притрчале да му помогнат да го тргне.






Човекот неколку минути безуспешно се обидува да го тргне октоподот од грбот, а кога конечно успева, октоподот му се префрла на раката. Италијанецот потоа го враќа во морето.

Видеото од необичната случка на грчката плажа се појави на интернет и собра 5,4 милиони прегледи, но и бројни коментари. Додека некои се воодушевени од глетката на морското суштество, други напишаа дека нема да издржат ни минута во ваква непријатна ситуација.

@christiancastagna7 Ma non va più via #polpo #viral #fyp ♬ OUT NOW Enzo Smooth Operator – Enzo

Поврзани содржини