(ВИДЕО) ЈУТЈУБЕР СНИМИЛ КАКО СЕ ОТВОРА И ЗАТВОРА ПОДМОРНИЦАТА „ТИТАН“ „Да ме викнеа ќе отидев и сега ќе бев мртов!“

Ако времето беше убаво, ако Стоктон ме прашаше дали сакам место во таа подморница, ќе отидев пак. Можев да бидам таму долу со нив, вели јутјуберот познат како Скуба Џејк.

2,092

Јутјубер под корисничко име Скуба Џејк на социјалните мрежи ја објави својата снимка од подморницата Титан на OушнГејт, во која престојувал годинава, неколку недели пред трагичната мисија. Јујтуберот и самиот требал да оди на мисија со подморницата која била откажана поради неочекувани проблеми.

Но, при краткиот престој во подморницата тој снимил како изгледа влегувањето во водата, како треба да се затворат 17 завртки и успеал да го фати нуркањето.






– Ако експедицијата не беше откажана, можев да бидам во таа подморница – вели јутјуберот кој поминал девет дена на бродот ОушнГејт во видеото.

Тој го покажа и процесот на мерење пред да влезе во подморницата. Влезот во подморницата можете да го видите од дваесеттата минута. 

 

– Носев неколку чоколадни бисквити, два сендвичи и камера за да можам да го снимам – објасни Скуба Џејк.

Јујтјуберот успеал да го сними и Стоктон Раш, газдата на ОушнГејт кој е меѓу петтемина починати во подморницата. На снимката Раш го покажува контролорот, евтино далечинско од 30 долари за кое потоа се разгори дискусија дека е дел од причината зошто подморницата го изгубила контактот со базата.

Интересно е дека во видеото Раш вели дека го откажува нуркањето затоа што „нешто не е во ред со мозокот на подморницата“, односно со системот за контрола.

Самиот јутјубер Скуба Џејк жали што го слушал Стоктон и вели дека за малку ќе отидел на мисијата.

– Ова е потсетник дека животот е многу драгоцен и дека може да исчезне во секунда. Ако времето беше убаво, ако Стоктон ме прашаше дали сакам место во таа подморница, ќе отидев пак. Можев да бидам таму долу со нив. Благодарен сум што сум таму денес, но луѓето во експедицијата беа прекрасни и јас сум многу благодарен за целото искуство – изјави тој кона крајот од видеото.

Поврзани содржини