(ВИДЕО) СЕНДВИЧАРИ, НАПРЕД! Вучиќ се спрема за утрешниот митинг, најавен како најголем досега во Србија

858

Претседателот на Србија и на Српската напредна странка (СНС), Александар Вучиќ, на Инстаграм објави видео со коментар дека се во тек последните подготовки за митингот во петок во Белград.

„Последните подготовки за, веруваме, големиот собир на Србија на надежта. Секако, како и секогаш, вечерва јадеме сендвичи. Ги повикуваме сите добри луѓе, кои сакаат напредок за нашата Србија, да дојдат на платото пред Народното собрание на 26 мај во 19 часот, заедно да се избориме за иднината на Србија“, напиша Вучиќ.






„Единствениот проблем е што сме четворица, а имаме три сендвичи. Но, ние некако ќе преживееме, ние сендвичарите“, вели Вучиќ во видеото.

Опозициските медиуми сведочат за секојдневни притисоци врз вработените и врз сите останати граѓани да дојдат на контрамитингот на Српската напредна странка (СНС) во петок на 26 мај. Подготвени се квоти, организирани се автобуси, а прогресивците масовно ги пребројуваат граѓаните и ги притискаат да дојдат на партиската „Средба на надежта“.

Опозициските партии и невладините организации постојано го повикуваат Вучиќ да го откаже митингот, со оценка дека тој создава уште поголеми поделби во општеството, во чувствителен момент, по двете масовни убиства во кои животот го загубија 18 лица, а над 20 беа повредени.

Во Србија во претходните денови се одржаа масовни протести „Србија против насилството“, кои ги повикаа проевропските опозициски партии. Нов таков митинг е закажан за в сабота, на 27 мај.

На 27 мај е закажано и Изборното собрание на СНС.

Многу посматрачи оценуваат дека врз Александар Вучиќ се врши притисок да се повлече од власт под притисок на „народното незадоволство“, слично како во “„шарената револуција“ во Македонија во 2017 година.

Поврзани содржини