(ВИДЕО) РУСКИ ТЕНК-САМОУБИЕЦ ПРЕДИЗВИКА ПЕКОЛНА ЕКСПЛОЗИЈА Новата руска тактика ги фати Украинците во небрано

Веројатно е дека експлозијата која избила на 200 метри од украинските утврдувања уби неколку украински војници.

3,565

Руски тенк-самоубиец наполнет со експлозив влезе во украински ров во Доњецк и ја заврши својата задача – беше погоден од украинските сили, а експлозијата беше една од поголемите досега во војната, пишува Волстрит Џурнал.

Дури, веројатно е дека експлозијата која избила на 200 метри од украинските утврдувања уби неколку украински војници.






Погледнете:

 

Весникот пишува дека ова е нова руска тактика и дека нападот доаѓа во време кога Киев е принуден да ја прекине својата контраофанзива кон југ затоа што украинските сили загубиле многу оклопни возила.

Се шпекулира дека тенкот во видеото е од моделот Т-54 или Т-55 управуван со далечинско.

Плусинфо веќе пишуваше за тенковите „Маркер“ кои се автономни возила без возач, можат да бидат управувани со далечински управувач и знаат да избегнуваат дронови, но и за Т-14, два модели за кои Русите претходно се пофалија дека ќе ги искористат против американските „Абрамси“ и германските „Леопарди“.

Русија ја користеше оваа тактика најмалку два пати претходно, иако ова е првпат експлозијата да биде фатена на камера. Руското Министерство за одбрана потврди дека овој разорен метод на уништување бил користен барем еднаш претходно.

РУСИТЕ СПРЕМААТ ТЕНКОВИ-РОБОТИ И Т-14 ЗА ДОНБАС Што има Москва, а што немаат Американците? (ВИДЕО)

 

Поврзани содржини