(ВИДЕО) РОБОТ ДИРИГИРАШЕ НА КОНЦЕРТ ВО ЈУЖНА КОРЕЈА Пред да започне ѝ се поклонил на публиката

Роботот сам одржал вкупно четири концерти. Единствениот негов недостаток е што не може да слуша.

83

Роботот EveR 6 стана првиот робот-диригент. Тој дигирираше со Националниот оркестар на Јужна Кореја, на концерт во главниот град Сеул. Дизајниран е од Институтот за индустриска технологија во Кореја.

Пред да почне со диригирање, роботот прво ѝ се поклонил на публиката, а потоа се свртел кон оркестарот, па почнал.






– Движењата на диригентот се многу прецизни. Роботот можеше да прикаже толку детални потези, многу подобро отколку што замислував – изјави Чои Со-јул, кој го предводел петочниот настап заедно со роботот.

Роботот сам одржал вкупно четири концерти. Единствениот негов недостаток е што не може да слуша.

 

Поврзани содржини