(ВИДЕО) ПРОПОВЕДАЛ СЕКС ВО ТРОЈКА КАКО СВЕТО ТРОЈСТВО! Словенечки свештеник сексуално злоставувал монахињи
Монахињата која сведочи против свештеникот тврди дека свештеникот ја наведувал неа и друга монахиња за секс во тројка велјќи дека на тој начин ќе го „реплицира тристраниот однос на Бог, Исус и Светиот Дух“.
Свештеникот од Словенија, Марко Иван Рупник, се обидел да убеди две монахињи да имаат секс во тројка споредувајќи го со Светото тројство. Тој сега е екскомунициран од црквата поради неговото „повторено одбивање“ да се осврне на обвинувањата за сексуална злоупотреба и да се придржува до ограничувањата што му беа поставени, објави католичката новинска агенција CNA.
Според канонските норми, Рупник имал рок до 14 јули да поднесе жалба, а бидејќи не го сторил тоа, неговиот претпоставен на 15 јуни објавил дека Рупник ќе биде исклучен од црквата.
Два дена по најавата дека Рупник ќе биде исфрлен од редот, Центарот Алети, кој Рупник го основал во Рим, објави писмо во негова одбрана. Во текстот се наведува дека на 21 јануари годинава токму Рупник поднел барање до Друштвото на Исус да го напушти редот.
Во писмото тие тврдат дека таа одлука ја донел откако ја изгубил довербата во претпоставените, за кои вели дека „повеќепати се покажале наклонети кон медиумска кампања заснована на клеветнички и недокажани обвинувања“.
Рупник претходно накратко бил екскомунициран бидејќи признал дека „на еден од своите соучесници му дал ослободување во гревот против шестата заповед“, пишува католичката агенција. Агенцијата не прецизира на што точно се однесува оваа формулација, но списокот на работи кои шестата заповед ги забранува е доста долг. Меѓу другото, забранети се прељуба, развод, инцест, секс надвор од брак, контрацепција, порнографија, мастурбација, силување, проституција…
Ројтерс претходно напиша дека екскомуникацијата е укината затоа што Рупник се покајал.
Кон крајот на минатата година во италијанските медиуми се појавија тврдења за словенечкиот свештеник дека во 90-тите малтретирал монахињи во Словенија. Религиозниот ред на Рупник тогаш ја призна истрагата во Ватикан, но исто така рече дека статутот на застареност е истечен.
Една од монахињите за италијанскиот весник Домани изјавила дека Рупник и ја зел невиноста и ја принудил да молчи за тоа.
Анонимна монахиња во интервју за Домани изјавила дека Рупник почнал да навлегува во нејзиниот психолошки и духовен свет и дека ја искористил нејзината кревкост и невиност.
Таа тврди дека свештеникот ја наведувал неа и друга монахиња за секс во тројка и дека тој и објаснил дека на тој начин ќе го „реплицира тристраниот однос на Бог, Исус и Светиот Дух“.
Монахињата наведува дека Рупник малтретирал речиси 20 калуѓерки и дека и покрај тоа, нејзините поплаки биле игнорирани.
По објавеното интервју со монахињата, језуитскиот ред ги поканил сите други жртви да се јават и ветиле дека ќе бидат слушнати со емпатија и разбирање.
Словенечкиот језуитски ред верува дека наводите за сексуална злоупотреба извршени од негов истакнат член се вистинити и затоа побарале прошка, објавија тие на нивната веб-страница по нивниот годишен собир во јануари оваа година.
На нивната веб-страница тие наведуваат дека Рупник работи во Рим од 1993 година и дека за него е одговорно тамошното раководство на редот.
„Веруваме во искреноста на монахињите и другите жртви кои зборуваа за нивното страдање и околностите на емоционалната, сексуалната и духовната злоупотреба извршена од нашиот брат. Искрено бараме прошка“, се вели на страницата.
Оттаму додаваат дека изјавите на монахињите покажуваат дека надлежните црковни поглавари не презеле соодветни мерки, а тоа го продолжило и го зголемило страдањето на многу жени.
Језуит од Германија Ханс Цолер, еден од најистакнатите експерти на Католичката црква за спречување на сексуална злоупотреба, тврди дека овој случајот се води погрешно уште од 90-те години и дека се уште има многу неодговорени прашања.
Цолер рече дека поканувањето на жртвите да зборуваат покажува подготвеност да се признае дека многу работи тргнале наопаку.
Воедно,откриено е и Рупник бил близок со папата Франциск и се претпоставува дека словенечкиот свештеник бил заштитен од највисокиот поглавар на католичката црква.
„Папата Франциско, кој и самиот е језуит, беше близок со Рупник. Тој можеби играше улога во заштитата на тој свештеник“, изјави дописникот од Ватикан, Сандро Магистер за L’Espresso.
Рупник е автор на мозаици во капели и цркви ширум светот, вклучувајќи ја папската капела во Ватикан.