(ВИДЕО) ОВАА ПЕСНА ГО „УБИВА“ АЛАРМОТ НА ВАШИОТ ТЕЛЕФОН Подобро веднаш отстранете ја од плеј-листите!
Рано годинава Гугл објави нова функција на нивните телефони со Android, која им овозможува на корисниците веднаш да го исклучат алармот со изговарање „Stop“ или „Snooze“.
За чудо некои корисници пријавија дека алармите им се исклучуваат и без тие да кажат ни збор.
Верувале или не, причината за тоа е една песна. Ако таа песна случајно се пушти на почетокот на плеј-листата кога ќе се разбудите наутро, таа ќе го запре алармот.
Ова е песната „убиец“ на аларми:
Да, тоа Pixies и нивната песна „Where Is My Mind“. Тестирани се и други песни, кои исто така го содржат зборот „стоп“. Но, тие немаат исто таков ефект врз алармот.
Тоа е така затоа што песната „Where Is My Mind“ започнува со „Oooh stop!“. И тоа телефоните со Android го разбираат како инструкција да го прекинат алармот.
Инаку, бендот се извини за ова:
Sorry about that! ⏰📱🛑https://t.co/EtCQ2FPkIJ
— PIXIES (@PIXIES) May 3, 2023