(ВИДЕО) ОВА Е ЖЕНАТА ЧИЈ ГЛАС ВЕ ВОДИ НА ГУГЛ МАПС Карен зборува на благопријатен австралиски англиски
А зошто баш на австралиски акцент? Според лингвистите, тој е најпријатен за слушање од сите англиски акценти.
Се прашувате ли некогаш која е жената која ви вели „на следната крстосница, свртете десно. На кружниот тек, свртете лево. Стасавте на целта“, додека возите со вклучен Гугл Мапс?
Тоа е Австралијанката Карен Јакобсен. Таа како мала сакала да стане пејачка и се преселила во САД, но наместо тоа победила на аудиција за да ги чита инструкциите.
Сега милијарди мобилни телефони низ светот ги слушаат речениците од една огромна книга кои таа морала да ги снима и преснимува за да се опфатат сите комбинации при патување.
А зошто баш на австралиски акцент? Според лингвистите, тој е најпријатен за слушање од сите англиски акценти.
Не било лесно да сними сè. Таа морала да го каже зборот „околу“ речиси 168 пати по ред. На пример, како во реченицата „следува крстосница на околу 500 метри“.
– Мојот глас ќе живее вечно? Па, сета оваа слава и моќ ми удри во глава – вели Карен.
– Па, мојот глас е тоа, нели? – прашува пак таа и се шегува.
Туку, дали некој знае кои жени и на кој акцент стојат позади гласот на вештачката интелигенција Алекса, на Сири или на Кортана од Виндоус?