(ВИДЕО) НЕ СЕ ВОНЗЕМЈАНИ, ТУКУ КИНЕЗИ Во Кина полета првата летечка чинија со екипаж

Футуристичкото возило може да се искачи на височина од приближно 200 метри, со максимално време на лет до 15 минути.

240

Во градот Шенжен, на југот на Кина, беше спроведен тест за првата летечка чинија со екипаж. Иако на прв поглед многу наликува на вселенска чинија, ова летало сепак не е од вселенско потекло, туку е направено од луѓе.

Кинеската летечка чинија е опремена со 12 пропелери чии лопатки се наоѓаат околу пилотската кабина сместена во центарот на чинијата. Футуристичкото возило изгледа како НЛО од цртан филм, иако нема да ве однесе на друга планета.






Наместо тоа, возилото е дизајнирано да полетува и да слета на земја или вода овде на Земјата.

Како што пренесуваат медиумите, овој електричен авион за вертикално полетување и слетување (eVTOL) е способен да се искачи на височина од приближно 200 метри, со максимално време на лет до 15 минути.

Развојот на ова летало траеше три години, а на чело на проектот беше компанијата Shenzhen UFO Power Technology.

Поврзани содржини