(ВИДЕО) НАЈМОЌНАТА ВСЕЛЕНСКА РАКЕТА ЕКСПЛОДИРАШЕ ПРИ ПОЛЕТУВАЊЕТО Илон Маск остана мирен, „научивме многу“

Ракетата Супер Хеви и леталото Старшип(ѕвезден брод) заедно се високи 120 метри, односно двапати повисоки од Статуата на слободата во САД. Четири минути по полетувањето Старшип не успеа да се одвои од ракетата, па се преврртеа и експлодираа во атмосферата.

2,993

Најголемата ракета што досега ја имаме експлодираше само минути по полетувањето. „Старшип“ на Илон Маск денеска не успеа да се одвои од рампата во Тексас, но Маск рече „научивме многу“, пишува СкајЊуз.  Леталото долго 50 метри кое се наоѓа на ракетата Супер Хеви(Супер Тешка) висока 70 метри беше планирано да биде она летало кое ќе ги носи астронаутите на НАСА на нивната мисија на Месечината во 2025 година.

Мисијата е наречена Артемида III по Артемида, божицата на ловот.






Значи, 70 метри ракета која носи летало Старшип, во превод „ѕвезден брод“ од 50 метри. Вкупно, 120 метри. Тоа е речиси дупло повисоко од Статуата на слободата во САД. Ја лансираа од базата Бока Чика на Спејс Икс во Тексас. Ракетата е најмоќна вселенска ракета произведена од човек. А, дизајнирана била да се искористи за повеќе летови.

 

– Интересно е што ги слушнавте сите инженери во Спејс Икс како навиваат и плескаат кога експлодираше. Ќе помислите дека ќе бидат мрачни. Но, се чини дека инженерите претходно правеле вакви тестови. Така се учи – вечо Том Кларк, новинар од Скај Њуз, според кого леталото трбеало да изврши маневар на вртење за да се одвои од Земјата.

Всушност, снимката од интернет покажува дека ракетата почнала да се крева од лансирната рампа но, за помалку од четири минути по полетувањето, горниот дел на Старшип-от  не успеал да се одвои од долниот дел на ракетата Супер Хеви, па заедно се превртеа и експлодираа.

Ново тестирање ќе има дури за неколку месеци.

Следната мисија на човештвото на Месечината зависи од Илон Маск кому НАСА му ја даде довербата. Но, истовремено, НАСА планира да носи астронаути во орбитата на Месечината во ноември 2024 година користејќи и сопствена ракета наречена СЛС, Систем за вселенско лансирање, која се развива повеќе од една деценија.

Старшипот на Маск е и поголем и помоќен од СЛС на НАСА. Тој генерира повеќе од двапати поголем потисок од ракетите Сатурн V што се користат за испраќање астронаути на Месечината како дел од мисијата Аполо.

За мисија на Марс пак, Илон Маск има друг план. Прво да го вивне Старшип-от во орбитата на Земјата, а потоа да го наполни со гориво од друг Старшип за да може да продолжи кон Марс или другаде.

Поврзани содржини