(ВИДЕО) МОМЧЕ ПРЕЖИВЕА ПАД ОД 30 МЕТРИ ВО ГОЛЕМИОТ КАЊОН Се лизнал додека туристите се фотографирале
Вајат Кауфман бил спасен благодарение на брзата интервенција на тимот на Националниот парк Гранд Кањон, кои се спуштиле од карпата до него, бидејќи процениле дека хеликоптерот нема да може да слета поради неповолниот терен.
13-годишно момче преживеа пад од височина од речиси 30 метри во Големиот Кањон во американската сојузна држава Аризона.
На спасувачите им беа потребни два часа за да го извлечат Вајат Кауфман на безбедно, откако тој падна од карпа на популарната туристичка дестинација.
Повреденото момче со хеликоптер било префрлено во болница, но потоа бил пуштен на домашно лекување.
Вајат за локалната телевизија изјави дека паднал откако се поместил за да не им влезе во кадар на луѓето кои се фотографирале на самото место.
Тој се лизнал и со едната рака се држел за камен, кој потоа му се лизнал од раката и почнал да паѓа.
-По падот не се сеќавам на ништо. Само се сеќавам дека се разбудив за секунда и бев во амбулантно возило и хеликоптер и ме качија во авион – изјави Кауфман за телевизијата Феникс KPNX додека лежеше во болница.
При падот, му биле скршени девет пршлени, му пукнал слезината, ја скршил раката, а белите дробови почнале да му откажуваат.
Вајат бил спасен благодарение на брзата интервенција на тимот на Националниот парк Гранд Кањон, кои се спуштиле од карпата до него, бидејќи процениле дека хеликоптерот нема да може да слета поради неповолниот терен.
-Многу сме благодарни за напорите на сите. Исклучително сме среќни што детето дојде дома кај нас, седејќи на предното седиште од автомобилот и не ни беше предадено во ковчег – изјави Брајан Кауфман, таткото на Вајат, кој во моментот на несреќата бил дома во Северна Дакота.
Grand Canyon park officials say a 14-year-old boy fell about 70 feet over the north rim, with rescue teams using ropes to pull him to safety. @LinseyDavis has more. https://t.co/SQG1xKhL8L pic.twitter.com/A2CUsUCdVB
— World News Tonight (@ABCWorldNews) August 12, 2023