(ВИДЕО) СО ОВИЕ БРОТЧИЊА БЕШЕ ПРЕДИЗВИКАНА ЕКСПЛОЗИЈАТА НА КРИМСКИОТ МОСТ? Новото лице на војната во Црното Море чини 250.000 долари по парче!
Едно бротче од пет ипол метри може да носи и боеви глави кои би биле активирани од два осигурувачи кои пак се земени од руски воздушни бомби.
Украина отвори нова ера на поморска војна во Црното Море со употреба на самоубиствени морски беспилотни летала – беспилотни летала вооружени со експлозиви дизајнирани да удираат во цели и да детонираат. Ројтерс ги поврзува експлозијата на кримскиот мост Керч на 17 јули со нападот на главното пристаниште во Севастопол лани на 29 октомври, за што Москва тогаш го обвини Киев.
– Украина употреби експлозивни површински бродови без екипаж (USV) како страшно оружје против руските флоти , па дури и инфраструктурата – изјавил Скот Савиц, висок аналитичар на истражувачката организација „RAND Corporation“.
Според анализата на Савиц, способноста на поморските беспилотни летала да носат големи експлозивни товари и да напаѓаат во водената линија на бродовите ги прави поопасни од воздушните оружја како што се ракетите и бомбите.
„Релативно ниската цена на беспилотните летала, исто така, ѝ овозможува на Украина да организира напади со голем број, кои тешко се откриваат од руските воени бродови и покрај нивниот обем“, се вели во статијата.
Цената изнесува 250.000 долари, а според оваа анализа подводниот дрон има максимална брзина од 80 километри на час и може да патува самостојно без да биде наведуван до 60 часа. Дострелот е 800 километри, а оперираат во радиус од околу 400 километри. Едно вакво бротче-дрон е долго пет ипол метри. Може да носи и боеви глави кои би биле активирани од два осигурувачи кои пак се земени од руски воздушни бомби.
Ова активирање би се случило ако трупот на бродот биде удрен, и секако, ако самиот дрон во себе носи боева глава во пределот на клунот.
Целата работа со овие бротчиња започнала во 2022 година кога претседателот Зеленски стартуваше кампања за собирање средства за изградба ваква флота за заштита од руски ракетни напади во морето.
Но и Русија исто така се обидува да ги камуфлира своите воени бродови. Тоа го прави со бојадисување на лакот и крмата во темни бои. Оваа техника, која потсетува на „заслепувачката“ камуфлажа од Првата светска војна, дизајнирана да го прикрие движењето и брзината на бродот на море, има за цел да ги збуни современите оператори на самоубиствени дронови и сателити и да ги спречи лесно да ги идентификуваат важните бродови.
Според Х. Сатон, независен воен аналитичар, сите овие мерки покажуваат дека „руската морнарица сериозно ја сфаќа заканата со поморски беспилотни летала“.
За време на нападите со украинските дронови, човек ја користи камерата на дронот за да ги идентификува целите. Но, темната боја нанесена на лакот и крмата на руската фрегата може да направи тој да изгледа пократок.
Камуфлажата на горните делови на руските воените бродови пак веројатно е стратегија за избегнување на откривање со сателитско извидување.
Во ланскиот напад на Севастополското пристаниште нападот не потопи ниту еден брод, но ја принуди Москва да изгради одбрана во пристаништата на Крим и ги обесхрабри да пловат со воени бродови надвор од заштитата на одбраната на пристаништето.
Според Проектот за податоци за локација и настани за вооружени конфликти, Украина извршила најмалку 102 напади на Крим од февруари 2022 година, вклучувајќи ракетни напади, гранатирање, експлозиви и напади со беспилотни летала.
Во 2013 година, Нешнл Географик го наведе Крим како едно од нивните 20 „најдобри патувања“ за туристи, само една година пред Русија да го нападне полуостровот. Во 2022 година војната почна одново.
По руската окупација полуостровот изгубил четвртина од населението, наталитетот опаднал за 24 отсто, а 40 отсто од компаниите таму сега се непрофитабилни.