(ВИДЕО+ФОТО) БРЗ Е КАКО МОЛЊА, ЧИНИ 1 МИЛИОН ЕВРА, АМА НЕ МОЖЕ СО ЛЕЖЕЧКИТЕ ПОЛИЦАЈЦИ Најскапиот автомобил снимен на белградските улици
Овој модел на Ферари е од 2022 година и неговата цена е вртоглави милион евра, има 1.000 коњски сили, а од 0 до 100 километри на час забрзува за помалку од 2,5 секунди.
Скапите автомобили не се реткост на белградските улици. Но, Ферари од милион долари како потскокнува на лежечките полицајци не се гледа често.
Пред неколку дена на белградските улици е фотографирано црвено „Ferrari SF90 Spider“, веројатно најскапиот автомобил во Србија со белградски регистерски таблички. Видеото од „ферарито“ се појави на социјалните мрежи, на профилот „bgdcars“.
Овој модел на Ферари е од 2022 година и неговата цена е вртоглави милион евра. Цената може да биде уште поголема во зависност од опремата.
Овој модел го има пакетот „Asseto Fiorano“ што значи дека возилото е поставено за тркачки патеки. Има 1.000 коњски сили, а од 0 до 100 километри на час забрзува за помалку од 2,5 секунди.
View this post on Instagram