(ВИДЕО) ФИАТ ВЕЌЕ НЕМА ДА ПРОИЗВЕДУВА СИВИ АВТОМОБИЛИ! Депресивната боја не одговара на новата „долче вита“ стратегија
Ова е предизвик и има за цел дополнително да го зајакне лидерството на Фиат како бренд на радост, боја и оптимизам. , вели извршниот директор на Фиат, Оливие Франсоа.
Италијанскиот производител на автомобили Фиат се одлучи на радикален потег. Фиат повеќе нема да произведува автомобили обоени во депресивна сива боја бидејќи се обидува дополнително да ја развие својата репутација како „марка на радост, боја и оптимизам“.
Почнувајќи од моделот Фиат 600, кој ќе биде пуштен во продажба подоцна оваа година, Фиат ќе почне да ги поврзува своите нијанси со оние на Италија – боите на морето, сонцето, земјата и небото.
Најновата стратегијата е базирана на тоа да додаде специфичност на автомобилите Фиат на пазарот и да и даде на фирмата конкурентна предност.
-Ги прекршивме правилата: решивме да го запреме производството на Фиат сиви автомобили. Ова е предизвик и има за цел дополнително да го зајакне лидерството на Фиат како бренд на радост, боја и оптимизам. Овој избор дополнително им ги пренесува на луѓето новите вредности на „долче вита“ и италијанската ДНК што го отелотворува брендот, изјави извршниот директор на Фиат, Оливие Франсоа.
Истакнувањето на бојата е придружено со нов слоган: „Италија земја на боите, Фиат марка на боја“
Компанијата и даде на секоја боја име што ги одразува италијанските пејзажи. Ова доаѓа по серијата промени што Фијат ги направи пред да стане целосно електричен бренд до 2030 година.
Фирмата ќе продолжи да произведува мали автомобили и планира да лансира пет нови модели во следните пет години кои ќе му се придружат на електричниот Фиат 500.
На 4 јули годинава италијанскиот производител ќе го промовира новиот Фиат 600.