(ВИДЕО) ЕВТИНОТО „НИНТЕНДО“ ДАЛЕЧИНСКО ЈА ПОТОПИЛО ПОДМОРНИЦАТА? Испливаа техничките фалинки на „Титан“ кој потона во Атлантикот
Подморницата требало да се нурне на 3.800 метра, а картите чинеле 250.000 евра од човек. Сепак, контролерот бил евтин. Но, вистинската причина за несреќата засега останува непозната.
Далечински управувач од само 30 долари, или наши 1.800 денари, бил користен за преку Bluetooth да се управува со подморницата „Титан“ која потона негде во водите на Атлантикот. На Твитер се сѐ погласни коментарите дека ова далечинско кое многу личи на гејм-контролер од Екс-бокс било кобно или барем е дел од причината за хаваријата која остави петмина луѓе со кислород за само уште 70 часа додека американските и канадски власти трагаат по нив.
Подморницата требало да се нурне на 3.800 метра, а картите чинеле 250.000 евра од човек. Сепак, контролерот бил евтин.
Освен тоа, Бизнис Инсајер пишува дека подморницата имала шише со вода за тоалет, а лани во ноември исто така се изгубила од радарот цели 2,5 часа додека се снимала тв-репортажа на Си-Би-Ес-Њуз.
Вистинската причина за вчерашното губење на „Титан“ засега останува непозната и непотврдена. Контактот со него бил изгубен само два часа од запловувањето, слично на 2,5 часа во ноември.
Луѓето веќе го коментираат евтиното далечинско на социјалните мрежи.
What a piece of shit.
I’m going to start a tour company that visits the remains of Titan, the submarine that was visiting the remains of the Titanic, and call it simply Tit. It’ll be made out of a recycled silage tank and operated by a modified Sega Game Gear from Gumtree. pic.twitter.com/tzDQqCvcPW— Gus The Fox (@GusTheFox) June 20, 2023
„Контролерот на ПлејСтејшн што се користи за пилотирање на подморницата Титан се чини дека е моделот „Logitech Gamepad F710“, достапен на интернет на Амазон за 30 долари. Се прашувам дали компанијата Логитек би препорачала користење на нивните производи за пилотирање на домашна подморница до остатоците од Титаник“, напишал тивтерџијата Том Хо и постирал слика од контролерот.
The PlayStation controller being used to pilot the Titan submersible appears to be a @Logitech Gamepad F710, available at Amazon for $30.
I wonder if Logitech would recommend using their products to pilot a homemade submarine to the wreckage of the Titanic. pic.twitter.com/FjnZSWzsyn
— TomHoefWrites (@TomHoefWrites) June 20, 2023
The missing Titan “submarine” has one button, is manoeuvred using a fake Nintendo controller, and was built with bits ordered off the internet and from “Camper World”. 2.5 miles under the sea. 😬 pic.twitter.com/dqRj4PCdPX
— brixton hatter (@BrixtonHatter) June 20, 2023
Новинарот на Си-Би-Ес, Дејвид Пог, кој ја направи ланската репортажа за подморницата, за Би-Би-Си изјави дека патниците биле запечатени во главната капсула со неколку завртки кои биле нанесени однадвор кои потоа морале да бидат отстранети од надворешен екипаж.
Тој рече дека првично мислел дека подлогата изгледала импровизирана:
– Ја контролирате подморицава со далечинско за Екс-бокс, а за дел од товарот ставен за да се балансира подморницата искористени се цевки – рече тој и додаде:
– Ако подлогата се заглави или протече „нема резервна копија, нема место за бегство.
Богат Пакистанец и неговиот син се дел од екипажот, а тука се и британски милијардер, еден Французин истражувач, како и газдата на самата компанија Оушн Гејт која го организира патувањето. Интересно е и дека на луѓето не им било барано искуство во нуркање за патувањето, што претставува дополнителен проблем при нивното спасување.