(ВИДЕО) ЕРДОГАН КУКУРЕК, МАШАЛА! Прво појавување на турскиот претседател по инцидентот во вторникот

Поради цревниот вирус, Ердоган ги одложи предизборните говори во три провинции во централна Анадолија во средата, две недели пред претседателските избори на 14 мај.

339

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој се чувствуваше лошо од вторникот вечерта, денеска повторно се појави во јавноста во Истанбул, објавија телевизиските станици.

Доцна во вторникот, Ердоган мораше накратко да го прекине телевизиското интервју во живо, откако претрпе, како што подоцна рече, стомачни проблеми.






Ердоган (69) подоцна се врати да го заврши интервјуто, во кое рече дека интензивната изборна кампања му предизвикала некои „сериозни“ стомачни проблеми.

Поради цревниот вирус, Ердоган ги одложи предизборните говори во три провинции во централна Анадолија во средата, две недели пред претседателските избори на 14 мај.

По четиридневно отсуство, турскиот претседател се појави на аеронаутичкиот саем „Текнофест“ на стариот аеродром „Ататурк“ во Истанбул, каде турската воена индустрија изложи дронови и авиони.

Според официјалната програма, Ердоган подоцна ќе учествува на изборен митинг во Измир, на западниот брег. Тој во недела ја продолжува изборната кампања во Анкара.

Парламентарните и претседателските избори на 14 мај се сметаат за најтешкиот тест за 20-годишното владеење на Ердоган.

Обединетиот опозициски блок се обидува да го Смени во услови на сериозна економска криза и растечкото незадоволство поради милионите бегалци во земјата.

Претседателскиот кандидат на заедничката опозиција, Кемал Киличдарлогу, во средата му посака на Ердоган брзо закрепнување.

Поврзани содржини