(ВИДЕО) ЕНДРУ ТЕЈТ СЕ ИСПОКАРА СО НОВИНАРКАТА НА БИ-БИ-СИ „Не си ти полицијата или Гестапо па да вежбаш авторитет врз мене“

Ама ти да доаѓаш овде и да се преправаш дека си некакво Гестапо и дека нема да одговараш на моите прашања е фејк, лажно, бидејќи ова е разговор и јас не ти должам ти да вежбаш некаков степен на авторитет врз мене, ѝ рече познатиот инфлуенсер на новинарката Луси, а таа одговори дека интервјуто е завршено.

875

Ендру Тејт, познатиот инфлуенсер кој беше обвинет за мизогинија и трговија со луѓе зедно со неговиот брат, сега е во шестиот, последен месец од притворот во Романија додека се привршува истрагата против него. На своето прво „жешко“ интервјуо со Би-Би-Си тој се испокара со новинарката. Луѓето на социјалните мрежи почнаа да коментираат. Некои од нив застанаа на негова страна велејќи дека „ѝја затна муцката“, додека други велат дека Тејт го покажал своето лице.

– Значи ти не си зела време да ги изгледаш моите видеа и да разбереш што кажувам во нив, туку имаш мали парчиња хартија пред тебе и се преправаш дека сум кажал злобни нешта. И после тоа ќе речеш дека сум најопасниот човек во светот, што е навистина за смеење. Дали навистина веруваш дека сум најопасниот човек во светот Луси? – и вели нервозно Тејт на новинарката во еден дел од разговорот.






– Нема да одговорам на тоа прашање – одговара таа.

– Епа тогаш треба да ја смениме динамиката на ова интервју. Бидејќи, да бидеме на чисто  – јас ти дозволив да дојдеш во мојот дом, ти правам услуга што ти го давам првото интервју за јавноста и ти не можеш да дојдеш тука од позиција на авторитет, не си ти полицијата, не ги почитувам Би-Би-Си, не те познавам тебе, ние сме еднакви, луѓе сме и те гледам како еднаква на мене, и ако ти ме прашуваш прашања тогаш и јас можам да те прашувам тебе. Ама ти да доаѓаш овде и да се преправаш дека си некакво Гестапо и дека нема да одговараш на моите прашања е фејк, лажно, бидејќи ова е разговор и јас не ти должам ти да вежбаш некаков степен на авторитет врз мене.

– Мислам дека завршивме – вели новинарката по што интервјуто било прекинато.

 

Претходно во интервјуто, инфлуенсерот изјави дека тој е  „сила на добрината“ и дека „дејствува под упатствата на Бога да прави добри работи“. Тој се согласил на интервјуто без претходно припремени прашања, пишува Би-Би-Си, и не поставувал услови.

Тејт ја опиша една од жените кои сведочи против него како „имагинарна и измислена од Би-Би-Си“.

Дотичната жена, која го добила псевдонимот Софи за да го заштити нејзиниот идентитет, изјавила за Би-Би-Си Радио 4 дека го следела Тејт во Романија верувајќи дека тој е заљубен во неа. Според нејзините кажувања, таму, таа наводно била принудена да работи со веб-камери и да го истетовира името на Тејт на нејзиното тело.

Тејт вели дека се „апсолутно ѓубре“ обвинувањата дека тој шири идеологија на мизогиниско силуваање, како што беше обвинет од извршната директорка на Кризата за силување во Англија и Велс.

Подоцна во интервјуто, тој рече дека е „целосно неискрено“ да се „преправаме“ дека ги оштетува младите луѓе.

– Никогаш, никогаш не сум поттикнал ученик да нападне наставник, машко или женско, никогаш – рече тој за обвинувањата за зголемени инциденти на напади на девојчиња и малтретирани наставнички.

– Проповедам напорна работа, дисциплина – додава тој.

Според него некои од неговите коментари биле извадени од контекст или наменети како „шеги“, вклучително и видео дискусија во која тој рече дека интимните делови на жената му припаѓаат на нејзиниот машки партнер.

– Не знам дали разбираш што е сарказам. Не знам дали разбираш што е контекст. Не знам дали разбираш што е сатирична содржина – рече тој во интервјуто.

Тејт негираше дека во неговиот познат онлајн курс за запознавање девојки учел како жените да бидат емоционално манипулирани.

Поврзани содржини