(ВИДЕО) ЕДЕН ДЕТАЛ КАЈ ПРВАТА ДАМА ГИ РАЗБЕСНИ ЦРНОГОРЦИТЕ Сопругата на Милатовиќ заблеска во златножолтиот фустан

Но, Црногорците на социјалните мрежи не можеа, а да не кренат фама околу еден детал кај Милена. На првата дама ѝ се оцртуваа брадавиците на фустанот.

5,452

Милена Милатовиќ, првата дама на Црна Гора, во златножолт фустан играше покрај својот сопруг, новиот претседател Јаков Милатовиќ. Тој дури одбра сино одело со жолта вратоврска за да се надоврзе на нејзиниот фустан кој имаше интересни прерамки и детали кои го следеа нејзиниот врат сѐ до половината.

Но, Црногорците на социјалните мрежи не можеа, а да не кренат фама околу еден детал кај Милена. На првата дама ѝ се оцртуваа брадавиците на фустанот.






Некои ја бранеа бидејќи таа неодамна се породила и сѐ уште дои.

 

 

„Буквално на ниту една слика не ѝ се гледаат градите на жената, плус дои неколкумесечно бебе. Сѐ е нормално во овој период“, „Како и секогаш, коментарот кажува повеќе за тој што го дава, отколку за оној на кој се однесува…“, „Додека во Германија на базените се укинува задолжителното носење на горниот дел од костимот за капење, Балканот сè уште се вознемирува од видливи брадавици…“… се само дел од коментарите што ја бранат првата дама на Црна Гора.

Други интернетџии го споделија ставот на личноста која прва ја сподели фотографијата.

„Не оспорувам ништо од горенаведеното, но на вакви церемонии треба да се внимава на таквите детали токму затоа што може да се случи вакво нешто во тој период“, вели една твитерџика.

За брзо на социјалните мрежи се јави и претседателот на Црна Гора. Тој ја откри тајната:

„Морам да ја разочарам твитер-јавноста. Не се работи за телесен, туку за текстилен детаљ“, напиша тој мислејќи на фактот дека самиот фустан има такви стилски набабрувања.

 

Поврзани содржини
na