(ВИДЕО) ДОАЃА ЛИ СУДНИОТ ДЕН? Исплива злокобната риба која најавува катастрофи
Оваа риба се поврзува со древна јапонска легенда дека таа „предвидува земјотрес“, поради што го добила името „риба на судниот ден“.
Нуркачите во близина на Тајван останале запрепастени кога забележале џиновска риба, позната како „риба појас“ или „риба на судниот ден“
Воодушевувачкото видео е снимено на брегот на Руифанг, а на социјалните мрежи го споделил инструкторот за нуркање Ванг Ченг-Ру. Видеото покажува како нуркачи опкружуваат треперлива сребрена риба која пливала блиску до површината на морето.
View this post on Instagram
Во еден момент еден од нуркачите успеал да ја допре, а може да се види дека рибата има траги од каснување по целото тело, за кои експертите веруваат дека настанале од напад на мала ајкула.
Нуркачите процениле дека рибата била долга околу два метри, што не е многу ако се земе предвид дека нејзината максимална должина може да достигне и до 17 метри.
Експертите веруваат дека рибата умирала и затоа запливала во поплитки води, што локалните жители го сметаат за лош знак.
Оваа риба се поврзува со древна јапонска легенда дека таа „предвидува земјотрес“, поради што го добила името „риба на судниот ден“.
View this post on Instagram
Според јапонската митологија, овие риби се издигнуваат на површината и „се насукаат пред земјотрес“, а веста дека рибата е забележана во плитки води ги загрижи локалните жители.
Стравувањата беа дополнително зголемени поради фактот што рибите почнале да се појавуваат на брегот две години пред катастрофалниот земјотрес и цунамито во Фукушима што се случија во 2011 година.
Иако научниците ја отфрлија оваа идеја и добро е познато дека земјотресите не можат да се предвидат, митот опстојува.