(ВИДЕО) ДАЛИ Е ОВА НОВИОТ ДОМ НА „ВАГНЕР“? Њујорк Тајмс објави сателитски снимки од база во Белорусија
Воената база од видеото се наоѓа на околу 130 километри од белорускиот главен град Минск и на околу 21 километар северозападно од градот Асиповичи, во кој се наоѓаат бројни воени објекти, вклучително и полигон за обука на војници и складиште за муниција. Но, дали шаторите поставени на игралиштето близу базата навистина се наменети за припадниците на „Вагнер“?
Њујорк Тајмс пренесе снимки на американската компанија „Планет лабс“ кои сугерираат дека се гради нова база за платениците од групата „Вагнер“ во Белорусија. „Дали е тоа новиот дом на „Вагнер?“, стои во насловот на статијата која ги пренесува ставовите на Лорд Ричард Денат, поранешен шеф на британската армија, кој смета дека „Вагнер“ нема да се распушти по неуспешниот бунт, туку дека ќе ја нападне Украина од Белорусија поради близината на Киев до границата.
Последните информации за „Вагнер“ според руското Министерство за одбрана се дека војниците ќе бидат разоружани, а дека предметите за нив во руските служби ќе бидат укинати. Андриј Картаполов, пратеникот од руската Дума денеска изјави дека „Вагнер“ нема да учествува повеќе во војната во Украина, а дека Евгениј Пригожин одбил да потпише каков било договор со Кремљ.
Останува прашањето каде ќе бидат сместени и што понатаму со припадниците на „Вагнер“?
Сателитските снимки прикажуват забрзана изградба на објекти за привремено сместување во напуштена воена база во Белорусија, пишува Њујорк тајмс. Наводно тоа би можело да биде новиот дом на единиците „Вагнер“. Изградбата на нови згради првпат беше забележана во понеделникот на 26 јуни.
New satellite images of the construction of a camp near Asipovichy: @nytimes published new satellite images by Planet Labs of the territory of the former military unit No. 61732 in Tsel village (Asipovichy district, Mahiliou region) dated 27.06.@nytimes @ckoettl
1/4 pic.twitter.com/ZJ0Q1rhyBs— Belarusian Hajun project (@Hajun_BY) June 29, 2023
На снимката се гледаат најмалку шест реда огромни шатори за привремено сместување на луѓе на спортското игралиште од околу 32.000 метри квадратни во рамките на оградената база. Се гради и на отворениот терен веднаш до игралиштето.
Воената база од видеото се наоѓа на околу 130 километри од белорускиот главен град Минск и на околу 21 километар северозападно од градот Асиповичи, во кој се наоѓаат бројни воени објекти, вклучително и полигон за обука на војници и складиште за муниција.
Се наведува дека оваа база претходно била штаб на 465-та ракетна бригада на белоруската армија која во 2018 година била преместена поблиску до градот Асиповичи. Оваа бригада е единствената во вооружените сили на Белорусија која има руски ракети „Искандер“ кои се способни да носат конвенционални и нуклеарни боеви глави.
Интересно е и што на претходните снимки од областа направени од сателитот „Планет лабс“ во средината на овој месец, отворениот простор беше целосно напуштен и речиси и да немаше никаква активност во него.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, вчера изјави дека западната воена алијанса е подготвена да се брани од каква било закана од преместувањето на Вагнер во Белорусија поради стравувањата дека преместувањето на приватната армија може да создаде нестабилност за источноевропските членки на НАТО, јави Ал Џезира.