(ВИДЕО) АТЛАНТСКИОТ ОКЕАН КАКО ТОПЛА КАДА На Флорида измерени рекордни 38,43 степени на водата

Светската метеоролошка организација предупреди дека температурите на морето како оние во јужниот дел на Флорида може да бидат смртоносни за морскиот живот и да ги загрозат океанските екосистеми.

253

Глоблното затоплување и големиот топлотен бран што ја зафати северната хемисфера предизвика енормно загревање и на водата во Атлантскиот Океан.

Температурата на површината на Атлантски Океан околу Флорида Кијс оваа недела се искачи на 38,43 Целзиусови степени или достигна ниво на „топла када“, што би можело да биде глобален рекорд бидејќи нормалните температури на водата во областа овој период од годината изнесуваат 23 и 31 Целзиусови степени, објави Националната управа за океани и атмосфера (НОАА).






Записите за рекордните температури на површината на океаните не се водат, но студијата од 2020 година сугерираше дека највисоката забележана температура била 37,61 Целзиусови степени во Персискиот залив.

Зголемениот интензитет лоши временски услови и на копно и во океаните, во најголем дел се последица од глобалните климатски промени поттикнати од човекот.

Регистрираните екстремни температури на водата во Атлантскиот Океан се надополнуваат на претходните предупредувања за затоплувањето на водите на Флорида во југоисточниот дел на САД, поради продолжениот период со високи температури на воздухот. Брегот на јужна Флорида се бори со екстремен топлотен бран што го загрозува морскиот живот и океанските екосистеми.

Светската метеоролошка организација предупреди дека температурите на морето како оние во јужниот дел на Флорида може да бидат смртоносни за морскиот живот и да ги загрозат океанските екосистеми, како и да влијаат на резервите на храна и егзистенцијата на луѓето.

Претходно, НОАА предупреди дека потоплата вода околу Флорида може да ги засили тропски бури и урагани, кои генерираат повеќе енергија над топлите води.

Поврзани содржини