📽️ „ВЕШТЕРКА“ НА ЛЕТ ЗА ЈАПОНИЈА Тиктокерка ги избезуми патниците со маската за лице

Сакав да изгледам свежо кога ќе слетам. Станав, ставив маска и качулка, мислејќи дека ќе ја скријам глетката. Не сфатив дека изгледам толку страшно, изјави познатата тиктокерка и инфлуенсерка на снимката.

177

Долг лет кон Јапонија станал сцена од хорор кога патничката Ема Дарлинг излегла од авионскиот тоалет со бела колагенска маска на лицето и црна качулка. Патниците биле во неверување од нејзиниот изглед.

Тиктокерката и козметичарка од Лондон, станала вирална личност на интернет кога објавила видео во кое се обидува дискретно да ја продолжи својата нега на кожа во текот на авионскиот лет, но случајно се трансформирала во „вештерка“.






– Сакав да изгледам свежо кога ќе слетам. Станав, ставив маска и качулка, мислејќи дека ќе ја скријам глетката. Не сфатив дека изгледам толку страшно – изјави познатата тиктокерка на снимката.

Краткиот клип добил над 1,6 милиони прегледи до 26 септември, а во описот Дарлинг напишала: „Кога се обидуваш да ја скриеш маската за лице од другите, а испаѓаш вештерка“.

 

@emmamdarling Pride has gone out the window but at least I’ll have plump and hydrated skin featuring the collagen overnight mask by @biodance_official and hoodie by @RICK OWENS ONLINE #SkincareInTheSky #AgeDefyingSkin #41AndThriving #funnytiktok #travelglow ♬ Monkeyshine-JP – Lt FitzGibbons Men

Во коментарите, корисниците на ТикТок ја споредиле со „Гоустфејс“ од „Врисок“, а некоја девојка запишала:

„Замисли да се разбудиш и да ти доаѓа Жетварот на смртта (Грим Рипер)“.

„Мислев дека глумиш Гоустфејс“, напишал друг корисник.

Сепак, многумина ја поддржале, истакнувајќи дека носењето маска во авион веќе е сосема нормално и ја пофалиле нејзината посветеност кон нега на кожата.

„Немој да се криеш, биди трендсетерка каква што си“, ја охрабрил еден корисник.

„Ќе излезеш од авионот како божица“, ѝ напишале други.

Поврзани содржини